(Видео) Колку короната е навистина смртоносна, Американците не веруваат во бројките

Како пандемијата со Ковид 19 продолжува, бројот на смртни случаи и понатаму расте, особено во САД, каде повеќе од 180.000 луѓе починале од почетокот на пандемијата.

Но, ваквата бројка која ја објавиле од Центарот за контрола на болести, „ЦДЦ“, предизвика голема забуна, особено откако претседателот Доналд Трамп ја ретвитуваше.

26. август „ЦДЦ“ ажурираше привремен број на смртни случаи поради Ковид 19, а во делот за истовремени болести откри дека само 6 проценти од смртните случаи биле предизвикани само од коронавирусот.

Оваа информација ја користеле оние кои веруваат дека вкупниот број на смртни случаи и тежината на пандемијата, биле премногу преувеличени, како обид за поткопување на изјавите на претседателот за време на изборната година.

Сепак, други, исто така, брзо посочија дека оваа бројка е во делот за коморбидитети, што значи дека 94% од смртните случаи поврзани со Ковид 19, биле од оние кои исто така пателе од коморбидитети, истата група се сметала за високо ризична, кога пандемијата првпат се појавила. Како резултат на тоа, на социјалните мрежи се појавиле голем број скептици.

Истовремените болести кои исто така допринеле за бројот на смртни случаи, се хипертензија, дијабетис, ваксуларна и неспрецифична деменција, срцеви застојувања и срцева инсуфицијенција.

Пандемијата и начинот на кој се решава истата, стана камен на сопнување во САД, затоа што истата е политизирана во пресрет на изборите. Многумина се спротивставија на носењето маски ширум земјата, расправувајќи за тоа колку истите се ефикасни во сузбивањето на ширењето на вирусот.

Новата критика заснована на бројот на смртни случаи, доаѓа и откако од CDC ги променија насоките за тоа кој точно треба да биде ставен во карантин и кога на меѓународните патници повеќе не им е потребен период во карантин од 14 дена.

Но, иако насоките се променија, локалните самоуправи и понатаму можат да наметнат ограничувања.

 

Scroll to Top