(Видео) Кремљ го елиминирал затоа што станал премногу популарен, неколку теории за смртта на космонаутот Јуриј Гагарин

И по шеесет години откако стана првиот човек кој отпатува во вселената, голем број на Руси, му се восхитуваат на космонаутот Јуриј Гагарин. Тој загина на 27. март 1968 година, за време на една вежба со летање, во авионот MiG-15UTI.

По половина век, неговата смрт и понатаму останала мистериозна, а за овој случај и понатаму се поставуваат многу прашања и се конструираат голем број теории.

Гагарин го стекна статусот на легенда, кога стана првиот човек кој полета во вселената на 12. април 1961 година. Тој полета од Земјата како обичен пилот, а се врати како легенда. Во Советскиот Сојуз бил почитуван како рок-ѕвезда.

По славниот лет низ вселената, советските власти веднаш го испратиле Гагарин на пат во 30 земји низ светот. Тој ручал со кралицата Елизабета Втора, бил со претседателот на Египет, од кого ги добил златните клучеви на Каир и Александрија, а во Хавана го дочекал и Фидел Кастро.

По три години пат низ светот, Гагарин се вратил на својата работа. Заради усовршување на пилотските вештини, тој се приклучил во програмата за летни обуки на инженерската академија на воениот аеродром „Жуковски“. Тој сакал повторно да лета во вселената.

Москва имала намера да го испрати на уште една вселенска мисија, но тој план засекогаш останал неостварен. На 27. март, 1968 година, Гагарин имал пробен лет со ловецот MiG-15UTI. Тој ден времето било облачно и тмурно.

Со него бил неговиот учител Владимир Серјогин, искусен пилот, кој во Втората светска војна бил награден со медаљата Херој на Советскиот Сојуз. Полковникот ја проверувал техниката на летање на Гагарин, пред да полета во новиот авион.

Во 10 и 19 часот утрото, Гагарин полетал од воениот аеродром „Чкаловски“. Планирано било да летаат најмалку половина час, но Гагарин веќе во 10 и 32 часот, им соопштил на контролорите на земјата, дека се враќаат во базата.

Набрзо потоа врската со авионот целосно исчезнала. Кога авионот исчезнал од радарот, властите одма испратиле потера по него. Биле испратени спасувачки едници со хеликоптери, кои по четири часа потрага, пронашле делови од неговиот авион во близина на градот Киржаќ.

Телото на Гагарин не било најдено, па започнала истрага за причините за неговата смрт. Резултатите од истрагата официјално биле објавени дури во 2011 година, по повод 50 годишнината од неговиот лет во вселената.

„Најверојатно причината за несреќата бил направениот остар маневар со цел да избегне судар со воздушен балон за проучување на атмосферата“, изјавил Александар Степанов, претставник од Претседателскиот архив.

Според оваа верзија, смртта на Гагарин била претставена како несреќен случај. Голем балон изненадно се појавил пред него, а тој очајнички се обидел да го избегне, притоа изведувајќи неконтролиран маневар.

Дополнителен проблем биле и резервоарите со гориво, поради кои авионот летал побавно, а отежнувачки фактор биле и густите облаци. Официјалната верзија не била по воља за многумина, па така се појавиле и голем број на други теории на заговор.

Според една таква теорија, Владимир доживеал срцев удар и паднал на една од управувачките полуги, што предизвикало фатални последици. Ова го вели советскиот космонаут Виталиј Жолобов.

Пилотот Игор Кузњецов, кој учествувал во истрагата на смртта на Гагарин, смета дека пилотите го изгубиле животот поради неочекуваната промена на притисокот во кабината. Поединци сметаат дека пилотите почнале да го губат притисокот.

Тие почнале да ја губат висината и да паѓаат на 4000 метри, пред да изгубат контакт со базата и целосна контрола над авионот. Според една верзија, пилотите ја изгубиле контролата над авионот MiG-15. Во своите мемоари, инженерот Валентин Козирев пишува дека од еден форензичар дознал дека моторот на авионот бил во дефект и дека тоа го предизвикало понирањето.

Пилотите се обиделе да го вратат во нормална состојба, но, безуспешно.

Постојат дури и навовди дека Гагарин бил пијан и дека Кремљ го елиминирал поради неговата голема популарност. Но, ниту една од овие теории не е докажана. Очигледно е дека Гагарин и Владимир загинале под склоп на поврзани трагични околности.

Технички проблеми, лошите временски услови, а можеби и човечки фактор, биле причината за загубата на рускиот астронаут.

Гагарин бил син на столар и млекарка. За неговото семејство е познато дека успеале да ја преживеат нацистичката окупација. Гагарин, пред да стане воен пилот, се школувал како работник во фабрика за челик.

На 27. години, во леталото Восток, тој успеал 108 минути да лета околу Земјата. Неговата одважност и професионализам служеле како пример за совршениот Советски Сојуз, но, легендата за Гагарин била пропратена и со приказните за неговото другарство, храброст и љубов кон сопругата Валентина и нивните две ќерки.

Гагрин на својата сопруга и напишал и проштално писмо, во случај да загине во мисија, нешто што долго време било чувано како тајна.

„Ако нешто тргне на лошо, те молам, особено тебе Ваљуша, да не умреш од така. Затоа што таков е животот“, и напишал тој.

Во интервју во 2011 година, космонаутот Борис Волинов се потсетил на, како што вели човекот, кој, иако уживал привилегии од советската елита, често поминувал со часови на телефон, за да осигура лекови или место во болниците за своите помалку моќни пријатели.

Кога се вратил на Земјата, Гагарин се затекнал во средиштето на пропагандната кампања за супериорноста на советското општесто. Биографот Лев Данилкин, вели дека вастите го користеле како пример за остатокот од светот,

Гагарин бил пример за советските граѓани и мета на пропаганда на властите, кои сакале да ги убедат советските граѓани, кои ја преживеале Втората светска војна и сталинистичката репресија, дека жртвите од претходните децении, не биле залудни.

До ден денес голем број Руси не можат да се помират со неговата смрт.

„Како е можно, така врвен космонаут, така млад и добар човек, така изненадувачки да загине?“, прашал историчарот Александар Железњаков.

„Луѓето тоа сè уште не можат да го преболат“, изјавил тој.

Scroll to Top