(Видео) Лекар заработил отказ затоа што ги боцкал луѓето со вакцини на кои им истекувал рокот на употреба

Лекарот Хасан Гокал заработил отказ затоа што вакцинирал луѓе со вакцини на „Модерна“ пред нивниот истек на рокот на употреба. На лекарот од Тексас му останале десет дози од вакцината, на кои им истекувал рокот на употреба за шест часа.

Тој почнал да вакцинира хронично заболени лица, меѓу кои била и неговата сопруга. Набргу потоа заработил отказ. Како што пренесуваат медиумите, Гокгал морал бргу да најде десетина лица за да ги искористи преостанатите вакцини, чиј рок на употреба истекувал за неколку часа.

Во текот на вечерните часови во декември на Гогал му останало отворено шишенце со вакцина против Ковид-19 и имал само шест часа да најде десетина лица, кои ќе може да ги вакцинира пред да им истече рокот на употреба на вакцините.

Тој повикал неколку лица што ги познавал и лица за кои слушнал дека се хронично болни и ги поканил во својот дом во Хјустон. Меѓу нив имало и едно неподвижно лице, 80-годишна жена со деменција и мајка на дете што имало проблем со дишењето.

На полноќ, пред самиот истек на рокот на употреба, Гокал ѝ ја дал последната доза на сопругата, која боледува од болести на белите дробови и која имала проблеми со дишењето.

Поради ваквите негови постапки, тој заработил отказ во државната служба, а потоа бил обвинет и за кражба на 10 дози вакцини, во вкупна вредност од 135 долари.

„Сè ми се сруши. Боже, тоа беше најлошиот момент во мојот живот“, изјавил Гокал во петокот за „Њујорк тајмс“.

На крајот на јануари судијата ги отфрлил обвинувањата како нетемелни, но обвинителите одлучиле да поднесат тужба на повисоко ниво.

Извор/Index.hr

Scroll to Top