(Видео) Ловец на богатство откри траги од вонземјани во Бермудскиот триаголник

Дарел Миклош, познат ловец на богатство, вели дека открил траги од вонземјани додека пловел во водите на Бермудскиот триаголник. Како што рече за каналот „Дискавери“, ги следел мапите на астронаутот на НАСА, Гордон Купер, за да бара бродови кои потонале во Карипското Море.

Во последната мисија за серијата „Куперовото богатство“, во делот на Бермудскиот триаголник, кој се наоѓал во близина на Бахамите, открил трага од вонземјани. Според Миклош, тоа е доказ дека планетата ја посетиле вонземјани пред илјадници години.

Објаснил дека додека ги идентификувал потонатите бродови, забележал предмет со пет краци како излегува од под карпите.

„Беше огромен, а секој од краците изгледаше како топ од воен брод“, објасни Миклош и додаде дека забележаните предмети не биле создадени од природата ниту пак се создадени од човекот.

Открил уште неколку такви слични предмети околу главната форма и сите биле покриени со густи корали. Се верува дека се стари илјадници години.

И Гордон, како и Милош верува дека станува збор за вонземјани. За потсетување, Гордон е еден од седумте астронаути и последниот Американец кој сам полета во вселената. На крајот од кариерата во НАСА, зборувал за НЛО и како владата прикривала информации за вонземјаните.

 

 

Scroll to Top