Претседателот на Белорусија побара помош од својот руски колега Владимир Путин за да ги спречи протестите во неговата земја. Двајцата лидери се сретнаа во Сочи.
За потсетување, протестите во Белорусија траат од 9 август кога Лукашенко однесе уште една победа на претседателските избори.
На снимката од нивната средба, која ја поставил шведскиот дипломат Карл Билт, се гледа како Лукашенко, додека зборува, полека се поместува кон Путин, а Русинот седи смирен како шприцер. Понекогаш Путин ќе го погледне Лукашенко под око.
„Ваквиот говор на телото кажува многу повеќе отколку рускиот јазик“, напишал Билт на „Твитер“ коментирајќи ја нивната средба.
Додека Лукашенко му зборува, Путин не вели ниту еден збор, а сите шот ја гледале снимката констатираат дека ваквото негово однесување покажува кој е газдата во куќата.
По состанокот на двјцата лидери, од Кремљ стигна соопштение во кое се наведува дека Русија ќе ги повлече своите трупи кои ги има распоредено на границата со Белорусија.
The body language says far more in this case than the Russian language. pic.twitter.com/NZqWQofXIn
— Carl Bildt (@carlbildt) September 14, 2020