(Видео) Мадона предупредува дека Марк Цукенберг ги шпионира луѓето

Светската пејачка Мадона смета дека милијардерот и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, ги шпионира луѓето преку новата апликација на „Инстаграм“. Таа јавно испрати порака преку својот инстаграм-налог за да предупреди за новите правила на користење на апликацијата.

„Новата политика на сајбер-безбедност и инстаграм-апликацијата му дозволува на Марк Цукенберг да ве шпионира вас и вашето семејство, да ги краде најинтимните тајни и да ја следи вашата покорност пред властите преку вашите уреди вклучувајќи го и вашиот телевизор. Тие ги продаваат вашите податоци на властите и индустријата или ве казнуваат за непослушноста. Тоа е застрашувачко срање“, истакна Мадона.

Алкикацијата „Инстаграм“ пред само неколку дена ги ажурира условите за користење на своите сервиси, а тие предизвикаа голем број реакции на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madonna (@madonna)

Како што пишуваат медиумите, новите услови на таа апликација ѝ даваат пристап да ги снима реакциите на корисниците преку камерата на телефонот, односно кога ја гледате нејзината содржина.

Ваквите промени содржат мониторинг на вашите интеракции со објавите, колку гледате во нив, што и како допирате на екранот, брзината со која ги лајкувате објавите, како и користењето на камерите кога не ја користите апликацијата.

Сето тоа стои во многубројните објави што циркулираат на социјалните мрежи.

Според дистрибутерите на ваквите шпекулации, сето тоа е направено за комерцијални цели, односно собирање информации за избирање на рекламите што му се покажуваат на корисникот. Повеќето корисници не ги читаат условите за користење.

Тие механички го стискаат accept (ги прифаќам условите) и затоа не чуди што преку социјалните мрежи се огласиле огромен број луѓе што ги пренесуваат овие алармантни податоци.

Во одделението за правни информации за инстаграм-апликацијата може да се види дека таа всушност ги следи вашите активности заради рекламирање. „Инстаграм“ собира и содржини што корисниците ги доставуваат, како што се локацијата, контактите, хаштаг и многу други.

Тоа го прави за да направи реклами соодветни за интересите на корисниците. Секоја содржина што корисниците ќе ја достават до апликацијата, компанијата „Фејсбук“ може бесплатно да ја искористи. „Инстаграм“ напоменува дека лиценцата се укинува кога корисникот ќе ја избрише содржината од системот, но исто така истканува дека содржината може да остане на таа социјална мрежа доколку корисникот ја споделил со некој од своите следбеници.

Што се однесува до препознавањето на корисникот, во правилата стои дека кога апликацијата е вклучена, се користи технологија за препознавање лице за да го препознае корисникот на фотографиите и снимките.

„Формите за препознавање лице што ја создаваме може да бидат податоци со посебна заштита според законот во земјата во која се наоѓате“, е наведено во правилникот.

Интересно е што „Вацап“ е уште една апликација во сопственот на Цукенберг, која има ставено јасно до знаење дека корисниците мора да ги прифатат условите ако сакаат да ја користат таа апликација или во спротивно им преостанува само да ја избришат.

„Инстаграм“ е искрен во делот за искористување на податоците на корисниците, а оваа промена ги натерала многумина да ја избришат од своите налози, пишуваат медиумите.

Scroll to Top