(Видео) Марита Лоренс, жената која била пратена да го убие Кастро, но не можела зашто премногу го сакала

Марита Лоренс е жената која била ангажирана од ЦИА, за да го отруе кубанскиот лидер Фидел Кастро, кого не можела да го убие затоа што го сакала премногу.

Не е тајна дека американската влада се обидувала на сите можни начини да го убие некогашниот кубански лидер. ЦИА се обидела да го отруе со милкшејк, потоа се обиделе да му испрскааат LSD и да гледаат како полудува за време на преносот преку радио.

Добиле и идеја  да му стават експлозив во некоја од неговите пури. На крајот, кога ништо од тоа не успеало, решиле да ја испратат Марита Лоренс. Во текстот на „Винити фер“ од 1993 година Ен Луис Бардак опишала портрет на оваа дама која била испратена од ЦИА.

Нејзината мисија била да го убие Кастро. Но, таа се вљубува во него и му станува љубовница. Двајцата првпат се виделе на крузер што го управувал нејзиниот татко. Двајцата впловиле во хаванското крајбрежје во 1959 година.

„Фидел  стоеше многу блиску до своите соговорници. Го гледаше соговорникот директно во очи. Тогаш испивме неколку пијалаци. Од старт бев нервозна. Ми требаа два часа да се одморам, а кога татко ми ме разбуди, го однесов на тура низ бродот. Сакав да се ослободам од него, за можам да се средам и да изгледам поубаво“, изјавила Марита.

По кратко време, таа му станала љубовница. Седум месеци живеела со него во неговиот приватен кат во хотелот „Хавана хилтон“. Ја толерирала и неговата долгогодишна партнерка Селија Санчез.

До пролетта 1959 година било јасно дека односите меѓу САД и Куба се влошени. Френк Стурдџис, двоен агент,  ја регрутирал Марита. Според Френк, кој никогаш не признал дека работел за мафијата, тој ја врбувал Марита додека живеела со Кастро.

„Ја наговорив да го отруе, но таа одби, затоа што беше заљубена во гадот“, изјавил тој во едно од своите интервјуа.

Марита во тој период била бремена, но досега не постојат веродостојни информации кои можат да утврдат што точно се случило со бебето.

Како што е наведено во документите на ФБИ, во октомври 1959 година таа била бремена во седмиот месец. Луѓето на Кастро успеале да ја дрогираат со чаша млеко.

Марита се разбудила во една докторска ординација. Докторот ѝ кажал дека бебето е во ред, а потоа ѝ дал инјекција и повторно ја успал. Кога повторно се разбудила ѝ било кажано дека бебето морале да го однесат поради непријателите на Кастро.

„Фидел во тие моменти не беше покрај мене. Се наоѓаше на другиот крај од островот“, изјавила таа.

Според извештаите на ФБИ од декември 1959 година, Марита им кажала на агентите дека откако се вратила во Хавана доживеала абортус. Не можела да им даде јасни податоци, но навела дека слушнала шпекулации дека била дрогирана и однесена во болница каде што ѝ бил направен абортус.

По тој настан и реакцијата на Фидел Кастро, таа одлучила да се сврти против него. Луѓето од нејзината околина, вклучувајќи ги и агентот Френк и нејзината мајка, продолжиле да ѝ ја полнат главата со идејата дека Кастро е зол човек.

 

Мајката дури на новинарите на магазинот Confidental им ја испратила приказната дека Фидел Кастро ја силувал ќерка ѝ.

Потоа влегла во шионските води. Првата здача која ЦИА ѝ ја дала била да го убие Кастро. За време на Операцијата 40, таа била обучувана во Мајами, а потоа повторно се нашла во авион за Хавана.

Ѝ дале две таблети од ботулински токсин, кој можел да убие човек за 30 секунди. Ѝ дале и две таблети кои требало да ги испие пред да замине.

„Тоа е некаква стока на ЦИА што ти ја даваат за да се чувствуваш силно, храбро, како спид. Но, дури и со тие таблети за страв, штом ја видов Хавана, знаев дека не можам да го направам тоа“, изјавила Марита.

Дури и да имала храброст да ја продолжи задачата, не можела да го стори тоа бидејќи таблетите ги ставила во сад со ладна крема, а кога се обидела да ги извади, тие се стопиле. Морала да ги фрли во тоалет.

Кога Кастро се појавил, таа му кажала дека соработува со контрареволуционерите во Мајами.

„Се обидов да бидам смирена. Никогаш не сум била толку нерозна, затоа што агентите нè набљудуваа. Морав да внимавам на времето. Имав точен распоред. Да останам неколку часа со него, да нарачам храна, да го убијам и спречам да го одржи говорот таа вечер. Беше многу уморен и сакаше да спие. Џвакаше цигара, лежеше во кревет и ме праша дали сум дојдена да го убијам. Седев на крајот од креветот и му кажав дека само сакав да го видам“, изјавила Марита.

Кастро ја прашал дали работи за ЦИА, а Марита му одговорила дека работи  само за себе.

„Тогаш го извади пиштолот и го насочи кон мене. Не се ни помести. Ми кажа дека не можам да го убијам. Дека никој не може. Се насмеа и продолжи да ја џвака цигарата. Се чувствував ужасно. Беше толку сигирен во себе. Само ме фати и почнавме да водиме љубов. Размислував да останам и да зборувам со него подоцна, по неговиот говор, но беше предоцна. Тој зборува по 8, 10, а понекогаш и по 12 часа. Тоа беше најтешко. Сакав да ме моли  да останам, но се облече и си замина. Ме остави да лежам сама. Му оставив порака велејќи му дека ќе се вратам“, изјавила Марита.

 

Во наредните неколку години Марита  често се гледала со Кастро и неколку пати спиеле заедно. За време на нејзината последна посета на Хавана во 1988 година, таа останала на Куба десетина дена. Нејзиниот син тогаш работел во Никарагва.

Таму ги лечел жртвите на контрареволуционерите. Марита вели дека тогаш за последен пат го видела Кастро.

„Тоа беше последен пат кога водевме љубов. Последен пат од милост“, вели Марита.

Scroll to Top