Меган Маркл ги одглуми сите солзи на погребот на кралицата Елизабета Втора, тврдат теоретичари на заговор. Објавија и видео од неа старо неколку години во кое војвотката се фали дека може да заплаче кога ќе посака.
„Одлична сум во тоа. Тоа е лудо. Само ќе ми кажат: Ајде Меган, една солза, левото око, почни. Можам да заплачам за три секунди“, вели Меган во видеото.
When you can’t wait for the Queen to be buried, before stealing her persona. pic.twitter.com/yJXn5AKrEr
— Royally Blunt (@RoyallyBlunt) September 19, 2022
Заради тоа, многумина заговорници тврдат дека Меган ги одглумила солзите, а во прилог им иде и фактот што на погребот плачела само со левото око.
When you can’t wait for the Queen to be buried, before stealing her persona. pic.twitter.com/yJXn5AKrEr
— Royally Blunt (@RoyallyBlunt) September 19, 2022
Уште повеќе се убедени и заради тоа што Меган е позната глумица која се прослави во улогата во серијата Suits и поради нарушените односи со кралското семејство.
Погребот на кралицата е главна тема веќе со денови, па јавноста не престанува да ги следи сите потези на кралското семејство. Оттука и се појавија фотографиите од Меган со нејзините лажни солзи.
#MeghanMarkle can make herself cry instantly. pic.twitter.com/3MwlcR4QIt
— MAPennell (@ma_pennell) September 19, 2022