(Видео) Меланија Трамп ги брои минутите до развод

Меланија Трамп ги одбројува минутите до развод од Доналд Трамп, актуелниот американски претседател, за конечно да стави точка на нивниот 15 годишен, трансакциски брак, пренесуваат британските медиуми.

Поранешната соработничка на Омароса Маниго Њуман, открила дека нивниот брак одамна е во криза. Меларнија ја брои секоја минута до нејзиното заминување од Белата куќа, за да побара развод. Доколку го оставеше за да го понижи во текот на мандатот, тој ќе најдеше начин како да ја казни, вели таа.

Њуман тврди дека Меланија е очајна уште од 2016 година, кога Трамп победи на американските претседателски избори, затоа што не можела ниту да претпостави дека тој ќе забележи победа.

Таа не му се придружила веднаш во Вашингтон, туку наводно чекаше пет месеци, за да се пресели со нејзиниот син Барон, кој тогаш немаше завршено школо.

Но, уште една нејзина поранешна соработничка, Стефани Волкот, тврди дека првата дама планира да се разведе и дека преговара како Барон би добил еднаков дел од богатството на Трамп.

Стефани тврди дека сопружниците цело време спиеле во одвоени соби и дека нивниот брак бил чиста трансакција.

Инаку Трамп претходно бил двапати во брак, а втората жена Марла Мајплс, се обврзала дека немма да објавува критични книги или да дава интервјуа за него. Експертите се сомневаат дека Меланија ќе го направи истото.

Медиумите често истакнувале дека Меланија и Трамп не биле блиски во јавноста, а првата дама неколку пати била снимена како одбива да му подаде рака или да го прегрне.

За потсетување, Трамп во 1977 година се ожени со Ивана Трамп, со која доби два сина и ќерка, а таа врска заври на почетокот на деведесетите години, кога ја запозна манекенката Марла.

Двајцата се венчаа во 1991 година и ја добија ќерката Тифани, но бракот заврши во 1997 година. Меланија ја запознал година дена подоцна, аја ожени во 2005 година.

Scroll to Top