(Видео) Мистериозен симбол на маицата на Макрон, дали францускиот претседател е дел од некакво тајно друштво?

By

Обраќањето на францускиот претседател, Емануел Макрон, за значењето на вакцините против коронавирусот, беше засенето од дизајнот на неговата маица.

Дали е во прашање птица, сублиминална порака или некој таен знак или, пак, во прашање е само обично лого, е нешто што си го поставуваат голем број теоретичари на заговор.

Неколку часа откако тој се обиде да ги убеди младите Французи да се вакцинираат, целата земја почна да ги коментира неговата маица и мистериозниот симбол, пишува „Депеш“.

Францускиот претседател ги замени својот стандарден сив костум, бела кошула и вратоврска со нешто помодерен избор – црна маица со куси ракави. На крајот излезе дека неговиот моден избор предизвика лавина шпекулации и теории на заговор.

Што значи ова? Дали постои некоја скриена порака во изборот на облеката на Макрон? Дали претседателската палата се обидува да испрати некаков знак на граѓаните? Дали претседателот е член на некое тајно друштво?, биле голем дел од коментарите и прашањата на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emmanuel Macron (@emmanuelmacron)

Првата теорија, како што пренесува „Гардијан“, е дека станува збор за лого на некаков си боемски клуб, политичка група создадена во Калифорнија во 1872 година и наречена по европско боемско движење, кое ѝ има контрирано на буржоазијата.

Денес тоа е исклучиво машки клуб, составен од бизнисмени и политичари од САД, Европа и Азија. Иако боемскиот клуб има свое лого, тоа не е исто како геометриското лого на маицата на Макрон.

Дополнителна конфузија беше предизвикана од фактот дека двата збора на француски може да се преведат како „був“ – хибу (був со разбранувани пердуви во близина на ушите) и chouette (був што не е накострешен).

Од Елисејската палата засега се немаат огласено по повод оваа теорија. Трговци со претприемачки дух веднаш ја искористија можноста и ја понудиле маицата на Макрон на „Тик-ток“ за цена од 20 долари.

Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне

AnimeFLV: Odin: Starlight Mutiny (Dub) anime episode Full online free at https://animeflv.uk stream anime online

Resident Evil: Infinite Darkness (https://twistmoe.net/m/gdOz) Episode 4

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE

Watch Luck & Logic (Dub) Episode 12

Sites google: https://sites.google.com/view/animedao-official/home

Tickaroo: https://www.tickaroo.com/user/60dc2bc92d640203806eacf6