(Видео) Мистериозни коцки од ураниум се појавија во Вашингтон, експертите сметаат дека биле дел од нацистички експеримент

Мистериозни ураниумски коцки се најдени во Вашингтон, а експерти од Пацифистичката северозападна национална лабораторија веруваат дека биле дел од нацистичка нуклеарна програма. Со помош на нуклеарна форензика, тим не експерти се обидел да го утврди нивното потекло. Никој досега не знае како тие стигнале во САД, пренесува сајтот „Гизмодо“.

Нацистите од 1939 година, до 1945 гоидна развиле сопствена програма за развој на нуклеарно оружје. Постоеле две истражувачки групи, една ја водел Вернер Хајзенберг, а другата Курт Дибнер, кој ја осмислил и направил нуклеарни реактори, со надеж дека ќе развие атомска бомба.

По војната, голем дел од коцките кои биле користени во нацистички експерименти, завршиле во САД, каде биле распоредени по Универзитетите и приватните центри, низ официјални и неофицијални канали.

Поради тоа што во тој период не се следел патот на движење на коцките, експертите сега веруваат дека во нацистичките реагори, имало меѓу 1000 и 12000 коцки, но, за 12 се дознало дури до ден денес. Сега американските експерти сакаат да го дознаат потеклото на една од нив во државата Вашингтон, како и на уште неколку други.

„Не сме 100 проценти сигурни дека коцките потекнуваат од германска програма, па мораме тоа да го утврдиме. Потоа ќе споредиме некои од нив и ќе ги класифицираме во рамки со истражувачките групи кои ги направиле“, рече лидерот на проектот, Џон Швантес, на претставувањето на резултатите од истражувањето во Американското хемиско друштво.

Германските научници се фокусирале на нуклеарната фисија, процес кој вклучува дестабилизација на тешкото јадро со бомбардирање со неутрони, предизвикувајќи јадрото да се распадне ослободувајќи енергија.

Групата на Хајзенберг се надевала дека ќе лансира ураниум потопен во тешка вода и ќе создаде плутониум што ќе се користи за атомска бомба. Коцките на нацистичкиот реактор, широки околу 5 сантиметри, биле потопени во вода и виселе на кабли. За среќа, нацистичкиот дизајн не успеал, пренесува „Гизмодо“.

Тогаш времето истекло. Британските и американските трупи ги конфискувале ураниумските коцки од експериментите и околу 600 ги испратиле назад во САД. Некои од коцките исчезнале. На другите, како онаа во Вашингтон не им се знае потеклото.

На Универзитетот во Мериленд, постои коцка со интригантна порака: „Земена од реакторот кој Хитлер се обидел да го направи. Подарок од Нингер“. Нинингер бил менаџер на локација на Менхетен на Мареј Хил и ја подарил коцката која најверојатно ја добил на работа од негов пријател, кој пак добил на подарок од друг пријател, а потоа му ја дал на неговиот соработник во проектот Тимоти Кит за роденден.

Истражувачкиот тим од Вашингтон, користел радиохронометрија, која го мери присуството на радиоактивни материјали и нивни остатоци, за да го утврди времето кога биле направени коцките. Поради тоа што урануимските коцки пропаднале од денот кога биле направнеи, тие сега содржат извсни колични на троиум и протактинијум.

Британи Робертсон, хемичарка од Пацифистичката северозападна национална лабораторија, верува дека радиохронометриската анализа може да утврди како коцките се направени. Со тоа, нечистотијата која постои во коцките, би можела да содржи траги од ретки елементи, кои би можеле да укажат на тоа каде ураниумот е ископан.

„Нашата прва цел е да го потврдиме педигрето на трите коцки кои ги проучуваме. Очекуваме дека резултатите ќе покажат дека тие се направени на почетокот или средината на четириесетите години од минатиот век“, рече Швантгес Гизмод.

„Ако нашиот метод на датирање биде доволно прецизен, ќе можеме да утврдиме дали овие коцки се дел од Хајзенберговата или Дибнеровата програма, затоа што нивните датуми на производство се разликуваат за година дена“, додал тој.

Можно е коцките да не биле дел ни од Хајзенберговата ни од Дибнероговата програма. Во тој случај, тимот се надева дека ќе може да потврди дека коцките се нацистички, бидејќи тоа е претпоставка по која работат, но, која досега не можеле да ја потврдат.

Scroll to Top