(Видео) Монолит од тесто со ѓумбир се појави во Сан Франциско

Нов мистериозен монолит се појави во Сан Франциско. За разлика од претходните, овој е направен од тесто со ѓумбир, пишуваат американските медиуми. Необичната структура ја забележале случајни минувачи на еден рид над градот.

Велат дека била направена од големи парчиња тесто споени со глазура. Монолитот осен што изгледал необично и мирисал убаво. Некои велат дека го пробале и дека имал одличен вкус.

Од Управата за рекреација и паркови на Сан Франциско изјавиле дека нема да ја отстранат структурата, сè додека истата самата не исчезне, односно додека колачот не се стопел, здробел, или некој не го изел.

Во последните месеци во светот се појавија голем број мистериозни монолити. Многумина ги поврзуваа со вонземјани или некакви натприродни појави. Една уметничка група откри дека таа е таа која ги имала направено овие монолити и дека сакала да ги продаде.

Голем дел од монолитите наликувале како да се од некои научнофантастиечн филм, како „Одисеја во вселената 2001“, пренесуваат медиумите.

Scroll to Top