(Видео) Мувата што му слета на глава на Мајк Пенс е руски дрон што го испратил Путин

Мувата што му слета на глава на Мајк Пенс, за време на предизборната дебата со неговиот противкандидат Камила Харис, е руски дрон што го испратил Путин, коментираат некои заговорници на социјалните мрежи.

Изјавите на Пенс и Харис паднаа во сенка, поради невообичаената ситуација што настана на крајот од дебатата. Мува што леташе околу републиканскиот кандидат, му застана на главата и не мрдна цели две минути.

Додека потпретседателските кандидати дебатира за пандемијата за коронавирусот, вакцините, десничарите, даноците и на голем број други теми, сите гледаа во мувата, а на „Твитер“ ја прогласија и за победник на дебатата.

Мувата, според некои заговорници, потекнува од Русија. Некои ја прогласија и за руски дрон, додека други констатираа дека сигурно била испратена од рускиот претседател Владимир Путин.

Има и такви кои тврдат дека летачкиот инсект е „шпион-мува“, кој ја контролира „длабоката држава“, со цел да го направи Пенс да изгледа блесаво и глупаво.

Брзо потоа бил отворен и твитер-налог „Мувата на Пенс“, на кој пишува дека ја испратил Џорџ Сорос. Противкандидатот на актуелниот американски претседател Џо Бајден, од редовите на демократите, исто така се пошегува на сметка на Пенс, споделувајќи фотографија со тепалка за муви.

Scroll to Top