(Видео) Напад на Универзитет во Русија, студенти бегаат низ прозори, има и жртви

Непознато лице извршило напад на Државниот универзитет на Русија во Перм. Најмалку пет лица се мртви, а има и повредени, пренесуваат медиумите. Полицијата соопштила дека го уапсила сторителот. Нападот се случил околу 8 часот наутро по средноевропско време.

Неидентификуван напаѓач влегол во кампусот на Универзитетот Перм и почнал да пука соопштија од Универзитетот. На снимките кои ги направиле некои од студентите, се гледа како луѓе бегааат од зградата низ прозорите, пренесува „Раша тудеј“.

Социјални медиуми во Универзитетот ги предупредија сите кои моментално се наоѓаат во кампусот да го напуштат или да се затворат во собите. На снимките кои се објавени на социјалните мрежи, може да се види вооружено лице, облечено во црно, како полека се движи кон кампусот, додека луѓето бегаат низ прозорите од двокатната зграда.

Според неофицијални информации, напаѓачот е 18-годишен млад човек кој наводно го објавил нападот на социјалните мрежи, пишува РТ.

„Непознато лице влезе на територијата на Пермскиот државен универзитетт и ја отвори вратата на студентите и професорите. Има загинати и повредени“, рече неименуван извор од Итната помош.

Scroll to Top