Пред 66 милиони години астероид кој удрил во Земјата го променил текот на еволуцијата. Небото потемнело, престанала фотосинтезата кај билките и тие исчезнале. Потоа умреле сите животни кои се хранеле со билки. Синџирот на исхрана се скинал. Повеќе од 90% од сите видови исчезнале.
Кога правот се спуштил, на планетата останале само птиците. Диносаурусите, најголемите животни кои некогаш се движеле по Земјата, биле збришани. Но, овој катастрофален настан овозможил еволуција на човекот. Многумина се прашуваат што доколку астероидот ја утнал Земјата и диносаурусите преживеале.
Како диносаурусите грабливци кои високо еволуирале би изгледале денес? Можеби одамна би го поставиле знамето на Месечината пишува Sciencealert. Научниците кои ги проучуваат диносаурусите одамна расправаат за хипотетичкиот свет во кој би владееле овие суштества.
Иако тоа звучи како лоша научна фантастика, отворени се нови прашања за еволуцијата. Дали човекот случајно е на Земјата или еволуцијата на корисници на интелигентни алатки е неизбежна? Мозоците, алатките, јазикот и големите општествени групи го прават човекот доминантен вид на планетата.
Веќе има повеќе од осум милијарди хомо сапиенс на седум континенти. Има повеќе луѓе од сите диви животни заедно. Ја модифициравме половина од површината на Земјата за да се прехраниме. Затоа науката тврди дека идните луѓе мора да еволуираат.
Во 80-тите палеонтологот Дејл Расел предложил мисловен експеримент во кој месојаден диносаурус еволуирал во корисник на интелигентни алатки. Овој „диносауроид“ имал голем мозок и одел исправено.
Зборувајќи за големината на диносаурусот, сауропод, бронтосаурус и нивните роднини еволуирале во џинови долги 30 метри и биле тешки од 30 до 50 тони. Биле десет пати потешки од слон и долги колку син кит.
Ова се случи кај неколку подвидови диносауруси, вклучувајќи ги и групите Brachiosauridae, Diplodocidae, Turiasauridae, Mamenchisauridae и Titanosauria. Сите се познати како сауроподи.
Сè се случувало на различни континенти, во различни времиња и во различни климатски услови, од пустини до дождовни шуми. Некои диносауруси никогаш не станале суперџинови, додека други растеле.
Нешто за нивната анатомија: бели дробови, шупливи коски, сила и телесна тежина, метаболизам или сите од нив го отклучиле еволутивниот потенцијал и им овозможиле енормно да растат. Со текот на времето, малите тревопасни животни се намножиле и птиците станале разновидни. Долгоножните и брзи предатори еволуирале подоцна.
Месојадните диносауруси, мегалосауриди, алосауриди, кархародонтосауриди, неовенаториди и тираносауруси еволуирале повеќе од 100 милиони години, постојано, и станале огромни предатори, тешки неколку десетици тони. Нивните тела пораснале, но нивниот мозок не се зголемил.
Диносаурусите од периодот Јура, Алосаурус, Стегосаурус и Брахиосаурус, се познати по своите минијатурни мозоци. До крајот на периодот Креда, 80 милиони години подоцна, тираносаурусите развиле поголем мозок, иако тој сè уште тежел едвај половина килограм.
Мозокот на стегосаурусот не достигнал ни 100 грама, а велоцирапторот имал само 15 грама мозочна маса во главата. Што да се каже за просечната тежина на човечкиот мозок од 1,3 килограми? Се чини дека диносаурусите имале сложени социјални животи. Живееле во стада и развивале рогови за да се одбранат.
Но, видовите со мал мозок, тревопасните или месојадите, најмногу еволуирале. Прашањето е дали би се случиле порадикални еволутивни промени меѓу диносаурусите доколку астероидот не ја погодел Земјата.
Веројатно, суперџиновите биојадачи со долг врат и огромните потомци на тираносаурусите сè уште би шетале по Земјата. Иако развиле малку поголем мозок, има малку докази дека тие би станале генијалци.
Не е сосема сигурно дека цицачите би биле во можност да ги принудат овие џинови да мигрираат, бидејќи диносаурусите беа доминантни во нивното опкружување до ударот на астероидот.
Во меѓувреме, цицачите имаа различни еволутивни ограничувања. Тие никогаш не се развиле во џиновски тревојади и месојади, но нивниот мозок постојано растел. Масивен мозок, голем или поголем од човечкиот, еволуирал кај орките, некои видови китови, слонови, некои фоки и мајмуни.
Некои потомци на диносаурусите, птици како врани и папагали, имаат покомплексен мозок. Знаат да користат алатки, знаат да зборуваат, да бројат. Сепак, најголем мозок и најсложено однесување имаат развиено само цицачите, како приматите, мајмуните, слоновите и делфините.
Прашањето на научниците е дали истребувањето на диносаурусите било пресудно за цицачите да станат поинтелигентни? Можеби не, затоа што наводно еволуцијата на човекот не била неизбежна. Во Африка, приматите еволуирале во мајмуни со голем мозок и по повеќе од 7 милиони години се преобразиле во модерни луѓе.
Нешто поврзано со африканската фауна, флора или географски регион ја поттикнал еволуцијата на копнените примати со големо тело, со голем мозок кои научиле да користат алатки.
Но, кај другите примати, еволуцијата се одвивала поинаку. Кога приматите пристигнале во Јужна Америка, пред 35 милиони години, тие само еволуирале во повеќе подвидови на мајмуни.
Приматите пристигнале во Северна Америка најмалку три пати, одделно. Пред 55 милиони години, потоа пред 50 милиони години и на крајот пред 20 милиони години.
Сепак, тие не еволуирале во вид што произведува нуклеарно оружје и паметни телефони, туку одеднаш исчезнале. Иако диносаурусите биле избришани од лицето на земјата, хомо сапиенсот се чини дека налетал на вистинската комбинација, мноштво можности во комбинација со среќа.