(Видео) Навални бил отруен на ист начин како и поранешниот агент Скрипаљ

Случајот со труењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални многу потсетува на нападот на поранешниот руски таен агент Сергеј Скрипаљ, кој исто така пред две години беше отруен во Лондон, пренесуваат светските медиуми.

Навални, веројатно, е отруен со супстанцијата од класата инхибитор холинестераза, велат лекарите од берлинската болница „Шарите“. Во оваа супстанција има и од отровот новичок, со кој беше затруен Сергеј Скрипаљ.

Тимот на лекари што го лечат Алексеј Навални објави дека на рускиот опозиционер, најверојатно, му е даден нервен отров.

Станува збор за непозната супстанција од класата инхибитор холинестераза, пишува „Дојче веле“ и оценува дека случајот неодоливо потсетува на нападот на двојниот агент Сергеј Скрипаљ во Лондон, кој се случи пред две години кога исто така беше користен новичок.

Тој нервен отров иницира верижна реакција на проетини, кои, доколку не се лекуваат, многу бргу може да доведе до смрт. Новичок го блокира производството на ензимот холинестераза, а токму тоа е направено кај Навални.

Холинестеразата е важна во метаболизмот за распадот на невротрансмитерите ацетихолин. Таа супстанција има улога, на пример, кај будењето или за држењето внимание. Ако ацетихолинот повеќе не се разградува, тогаш нервниот систем ќе биде бомбардиран од неинхибирани стимули.

Патиштата на пренесување на сигнални во тој случај целосно се преоптоварени и се однесуваат лудо, пишува „Дојче веле“.

Информациите од нервите потоа се пренесуваат во телесното ткиво, мускулите и органите, што довеува до зголемено лачење на плунката и проблеми со дишењето затоа што пациентот повеќе не може самостојно да ги контролира респираторните мускули.

Парализата и конвулзијата може да бидат фатални ако труењето трае предолго. Лекарите, пред сè, мораат да спречат пациентот да се задуши од грчевите на респираторните мускули.

Поради тоа, Навални веднаш бил ставен и на вештачка вентилација, односно бил интубиран. Кај противотровот лекарите применуваат атропин, алкалоид што се наоѓа во атропи беладони, отровна билка, кај народот позната и како луда трева, волчја цреша или кучешка јагода.

Атропинот практично ги презема ацетихолинските рецептори во клетките и така го слабее ефектот на бомбардирањето со ацетихолинот. Лекувањето мора да продолжи сè додека холинестеразата во организмот не почне повторно да функционира.

Поради тоа, лекарите во овој случај на пациентите обично им даваат и други активни состојки, со име пралидоксим, за да го стимулираат повторното производство на холинестераза.

Отровите од разните видови змии, инсектициди, но и воени отрови, како што се сарин или VX, исто така спаѓаат во инхибитор холинестераза. И при лекувањето од последиците на тие отрови лекарите користат атропин и пралидоксим.

За многу послаб инхибатор на холинестераза се користат лекови, како оние за Алцхајмерова болест и за мијастенија гравис, болест што предизвикува невролошка слабост на мускулите затоа што преносот на сигналот помеѓу нервите и мускулите е нарушен.

И во тие случаи пожелно е зголемено производство на невротрансмитерот ацетилхолин.

Од друга страна, руските власти негираат каква било вмешаност во случајот со труењето на Навални. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјавил дека тврдењата за вмешаноста на русктие власти во овој случај се невистинити и бесмислени.

„Тоа не може да се земе сериозно. Тоа се невистини и затоа кон нив нема сериозно да се однесуваме“, изјавил Песков пред новинарите.

Тој објасни дека сега најважно е Навални да се излекува и дека нема потреба да се спроведе истрага затоа што не се знае дали е во прашање труење или нешто друго. Ако се утврди дека имало труење, тогаш ќе биде поведена истрага.

Тој додаде дека анализите што ги направиле германските и руските лекари се совпаѓаат, но дека се извлечени разни заклучоци. Според него, не е јасно зошто германските лекари брзаат со заклучоците дека Навални бил отруен.

Тој исто така додаде дека нема никакви сознанија за информациите што се пласираат во медиумите дека Навални бил под надзор на службите.

 

 

Scroll to Top