(Видео) Нов мистериозен монолит ги исплаши жителите на Нов Зеланд

Нов монолит се појави во паркот „Крајстчрч“ на Нов Зеланд. Ова е еден од осумте монолити што се појавија на разни места во светот.

Претходно, вакви слични метални предмети беа забележани во Јута, Романија, Калифорнија, Унгарија, Колубија, Англија и во Холандија. Откога се појавија, некои од нив веднаш мистериозно исчезнаа следниот ден.

Најновиот монолит на Нов Зеланд бил виден минатиот викенд, а на официјалната страница на паркот била споделена и негова фотографија.

„Таинствен монолит се појави во паркот. Знае ли некој што е ова и од каде доаѓа?“, напишале некои од вработените во паркот.

Иако повеќето монолити се појавија на релативно оддалечени места, се чини дека авантуристичкиот парк „Крајстчрч“ е исклучок, пишува „Униланд“.

Паркот „Крајстчрч“ е со 358 хектари земјиште, кое е во приватна сопственост. Стотина корисници на социјалните мрежи ја коментирале фотографијата со монолитот барајќи објаснување и одговори како тој се појавил на ова место.

Некои сметаат дека станува збор за трик или уметничко дело, а други коментираат дека е НЛО и дека во него има вонземјани.

Претходно месецов, група уметници, познати како The Most Famous Artist, ја презедоа одговорноста за монолитите, а основачот на групата, Мети Мо, изјавил дека групата е добро позната по ваквите или слични акции што ги прават во светот.

Scroll to Top