(Видео) Нов монолит се појави во Австралија

По Америка, Британија, Шпанија, Полска, монолит се појави и во Австралија. Прво се појави, а потоа и мистериозно исчезна.

За разлика од другите монолити, кои се појавија низ неколку делови во светот, а потоа истите исчезнаа, на овој во Австралија биле врежани координати на три локации, меѓу кои се најде и кулата на Трамп.

На местото каде што пред неколку недели се наоѓал монолитот, сега останале само три носечки челични столба. Како и во претходните случаи, потеклото на австралискиот монолит е непознато. Интересно е само тоа дека на него биле врежани координати на три локации.

На врвот било врежано местото на кулата на Доналд Трамп во Њујорк, а другото се однесува на населениот дел на Северните Маријански Острови, недалеку од Гуама. Третите координати упатуваат на сфинга во пустина во Египет.

Ова е уште еден во низата монолити кои мистериозно се појавиле, а по некое време на ист начин исчезнале, во различни делови на светот, и станале тема на интензивни расправи на социјалните мрежи.

За потсетување, неодамна група на уметници Most famous artist објавила дека стои зад поставувањето на овие структури, кои ги понудиле на продажба, по цена од 45.000 евра.

Но, и по ова признание, монолитите и понатаму се појавуваат.

Scroll to Top