(Видео) Новинарка откри палата каде се собиралa француската елита и високи политичари среде корона криза

By

Француска новинарка која работела на тајна задача, го открила местото на кое се собирала француската елита и кои ги прекршиле мерките за собирање и заштита од корона кризата.

Таа објавила видео од внатрешноста на палатата Вивиен, каде се биле видени значајни француски личности, високи политичари и членови на француската влада, пишува српски Курир.

Во палатата се случувале тајни гозби на кои на француската елита им се сервирале разни скапи јадења и пијалоци. Во оригиналното видео, новинарката на влезот од палатата, ја пречекува конобар со бели ракавици на рацете.

Тој ја прашува кој ја поканил, а потоа и вели: Зад овие врати, повеќе нема корона. Во холот каде јадела, новинарката забележала десетина лица, а добила и мени.

Цената на еден оброк за едно лице била 160 евра, додека за 490 евра, можело да се добие норвешки јастог во сос од ѓумбир и шампањ.

Палата била во сопственост на францускиот колекционер на уметности, Пјер Жан Шанселкон, кој по објавеното видео веднаш побарал адвокат, пишуваат медиумите.

Откако новинарката го објавила видеото на социјалните мрежи, париската полиција отворила истрага. Парижани сметаат дека тоа не е доволно и сметаат дека треба да се превземат соодветни мерки против оние кои самите ги наметнале мерките, а не ги почитувале.

На Французите особено тешко им паѓа тоа што не се постигнати поволни услови за попуштање на мерките и затоа што се во строг карантин од крајот на 2020 година.

Откако новинарката го објавила видеото, голем број бесни граѓани на интернет ја покренаа кампањата #OnVeutLesNomes.

Извор/Курир.рс

Ќе ви се допадне

WCOStream wcostream pokemon: Watch The Seven Deadly Sins Episode 10

AnimeHeaven anime heaven org: Watch Banana Fish Episode 18 (https://animeheaven.pro/m/J3BV/ep-18)