Американската влада ќе ги објави сите документи кои ги поседува и сè што знае за НЛО до 25. јуни. Конгресот го побарал извештајот за НЛО по бројните извештаи на американската војска за некакви необични летала кои биле видени на небото покрај брегот на Калифорнија.
Останува да се види дали доказите кои ги поседуваат Американците, за било каква меѓугалактичка посета, во иднина ќе го променат ставот кај секој човек по ова прашање, пишува „Би-би-си“.
Воените експерти пак предупредуваат дека ако технологијата не е вонземјанска, тогаш многу е веројатно да и припаѓа на некои од американските противници, како што се Русија или Кина.
Минатиот август Пентагон формираше работна група задолжена да ги истражува непознатите летала. Задачата на групата била да ја открие нивната природа и потекло.
Извештајот бил доставен до американските конгресмени на почетокот на овој месец. Неименувани официјални лица, на американските новинари им соопшеиле дека во нив не се споменуваат никакви докази за вонземјански активности, но и дека таквото објаснување не е исклучено.
Интересно е дека работната група утврдила дека таквите НЛО, не биле дел од тајна американска воена технологија. Биле проучени преку 120 инциденти во последните две децении, вклучувајќи ги и трите снимки, на кои Пентагон им ги тргна ознаките за доверливост.
Службениот став на американската војска за снимките е дека на нив има необјасниви појави. Притисокот на јавноста, за САД да објави сè што знае за вонземјаните расте со децении. Групи на уфолози се убедени дека американската влада ги крие доказите за нивно постоење.
Пентагон во 2007 година почна тајно да ги собира податоците во рамки на малку познатата воена програма за идентификација на заканите кои доаѓаат од вселената. Парите за програмата стигнале на барање на сенаторот од Невада, Хари Рид.
Станува збор за демократ кој го застапува регионот во рамки на кои е и Областа 51, место кое е под контрола на војската, а за кое голем број теоретичари на заговор сметаат дека тука се крие вонземјанско летало кое паднало во Розвелт во 1947 година.
Голем број официјални американски лица, меѓу кои и американски претседатело, говореле на оваа тема во изминатиот период. Шефот на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подест, кој е долгогодишен следбеник на теории за НЛО, ветил во текот на неговата кампања во 2016 година, дека Хилари ќе објави доверливи владини извештаи за вонземјаните, ако биде избрана за претседател.
Во интервјуто минатата година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп, рече дека нема да открие на никого, дури ни на своето семејство, за тоа што го знае за вонземјаните.
„Нема да разговарам со вас за она што го знам, но, многу е интересно“, рече Трамп.
Поранешниот претседател Барак Обама беше уште подирктен во мај, кога на водителот Џејмс Корден му рече: „Кога станав претседател прашав дали постои негде некаква тајна лабораторија во која држиме вонземјански примероци и вселенски брод. И по малку истражување ми одговорија дека не постои такво нешто“.
„Она што е вистина, а сега го говорам сериозно, е дека постојат снимки и аудио записи од предмети на небото за кои не знаеме точно што се. Не можеме да објасниме како се движат. Мислам дека луѓето и понатаму се обидуваат да ги истражат овие феномени и да разберат за што се работи“, додал Обама.
И демократите и републиканците сега сметаат дека со објавувањето на овој извештај во јавноста, ќе се прекине стигмата која можеби ги спречува вониците да ги пријавуваат необјаснивите појави на небото на своите надредени.
Досега голем број американски војници и известувачи детално ги објасниле необичните искуства кои ги имале со овие предмети. Некои од таквите веродостојни извештаи стигнале и од пилоти кои велат дека виделе НЛО во близина на воените полигони за обука.
Поранешниот директор на 18 американски известувачки агенции, во администрацијата на Трамп, Џон Ратклив, за „Фокс њуз“ рече: „Искрено, видени се многу поголем број на НЛО, отколку што се пријавени“.
„Говориме за објекти кои се забележани од припадниите на морнарицата или воздухоплоството или кои ги снимиле сателити, а кои се движат на начин на кој е тешко да се објасни. Нивните движења е тешко да се повторат. Ние немаме таква технологија која може да се движи толку брзо и на таков начин на небото. Станува збор за брзина поголема и од онаа на звукот “, вели тој.
Двајца поранешни морнарички пилоти за „Ци-би-си“, зборувале за тоа како во Тихиот океан виделе објект кој влијаел на нивното движење. Еден пилот тоа го опишал како мал бел објект во облик на Тик Так.
„Точно е дека изгледаше како Тик так и патуваше многу брзо и неправилно, па не можевме да предвидиме во која насока ќе патува или на кој начин маневрира, или пак каков погонски систем користи“, изјавил поранешниот пилот на морнарицата Алекс Дитрих за „Би-би-си“.
„Не оставаше никаква трага на дим или погон. Немаше очигледни површини кои би ги користел за маневрирање“, додал тој.
Поранешниот американски сенатор Рид Стап во одбрана на програмата на Пентагон за НЛО, вредна 22 милиони долари, рече дека и други земји се занимавале со ова прашање.
„Знаеме дека тоа го прави и Кина. Знаеме дека тоа го прави и Русија каде програмата ја води некој од КГБ, па подобро е и ние тоа да го погледнеме. Истражувањето на американското Министерство за одбрана покажа дека стотици луѓе виделе НЛО, понекогаш и истовремено“, рече тој.
Минатиот декември поранешниот шеф на управа за вселената во израелското министерство за одрана на оваа земја, рече на новинарите дека малку фали Трамп да открие за меѓугалактички договор, но, се повлекол од страв да не предизвика масовна хистерија.
„Постои договор меѓу американската влада и вонземјатните. Со нас потпишаа договор да правиме експерименти“, изјавил Хаим Ешед за Yediot Aharonot. Неговата изјава не била потврдена од ниту една од наводните инволвирани страни.