(ВИДЕО) Пет тајни кои НАСА просто не сака да ги знаете!

Низ својата историја, американската вселенска агенција НАСА, многу работи има сокриено од јавноста.

Теоретичарите на завери често шпекулираат за бројните тајни на НАСА во 60 години од нејзината историја, а ја обвинија агенцијата за разни работи – од лажирање на слетувањето на Месечината, па се до прикривање на доказите за постоење на вселенски живот.

НАСА има тим од експерти и огромна PR агенција, која системски ги негира ваквите приказки, прикажувајќи ги како митови, но со текот на годините, се појавија бројни тајни и факти кои бараат одговори, ако не и објаснувања.

1. Прекин на емитувањето во живо

Постои нешто многу сомнително во врска со НАСА, што ги заитригира голем број на луѓе. Имено во октомври во 2016 година, НАСА необјасниво го прекина својот „live feed“, а пред тоа да го направи, се забележало бизарно мистериозно суштество, кое се појавува на екранот, во моментите додека се емитуваше снимката од сателитската камера.

Беше тоа многу необично. Иако НАСА објави фотки, очигледно дека потајно работи на нешто за што молчи пред целиот свет. Кога ќе се побарало објаснување, стигнувал одговор дека станува збор за норамален метеор, каков што може да се забележи речиси секојдневно, со тврдење дека нема ништо посебно на таа снимка.

2. Избришаните снимки од слетувањето на Месечината

Од денот на прикажување на слетувањето на Месечината, во живо на телевизија, НАСА е обвинета за лажирање на сите тие случувања со низа на аргументи – на снимката не се гледаат ѕвездите, знамето се вее, па се до необјаснетата буква „C3, како на Месечината и тамошните карпи постојат различни длабочини… се наметнаа и бројни други прашања.

Кога агенцијата во 2006 година, призна дека не може да ги пронајде оригиналните снимки од слетувањето во 1969 година, кога се појавува сомнеж дека сето тоа била една голема измама, која требало да и се пласира на светската јавност. НАСА сепак не се откажува од своите приказни, а подоцна таа агенција објави дека пронашле и некое изгубен видео – запис, но дека, поради човечка грешка, подоцна истиот бил преснимен.

3. Телескопот „James Webb“

Обичај кај секоја суперсила е да го финансира истражувањето на вселената, без разлика дали му се допаѓало тоа на некој или не – затоа што тоа е демонстрација на моќ, технологија и поволни финансии кои се издигаат над другите. Но, изгледа дека таквите проекти не секогаш се одвиваат баш според планот, како што е ситуацијата со изградбата на „James Webb“ телескопот, со кој се започна истражувањето пред 20 години и кој требало да биде подготвен за ласнирање токму оваа 2017 година.

Но, довршен е дури во 2017. Проектот на почетокот требало да чини половина милијарди долари, но сепак на крајот чинел дури 17 пати повеќе – околу 8,8 милијарди.

Сега, кога телескопот е подготвен, повторно останува прашањето колку време ќе мине пред да навистина го лансираат. Лансирањето, наводно, се планира да се случи во октомври 2018 година.

4. Нуклеарни тестирања на Месечината

Советите отсекогаш имале огромна конкуренција во САД, а напнатоста траела подолг период. САД се обиделе да ја докажат својата супериорност не само на подрачјето на инжинерингот, туку и во запознавањето на други вселенски тела и објекти.

Книжевникот кој работи на биографијата на астрономот на Карл Сагана, во своето истражување наиде на неверојатно работи, како проектот А-119, кој наводно, изгледал како план на САД да Месечината ја претвори во место за тестирање на нуклеарно оружје. Дали навистина горе нешто тестирале или не, е невозможно да се знае.

5. Операција „Спојалица“

Втората светска војна беше голем предизвик за светот, но и за САД. Секој подобар познавач на историјата знае дека меѓународното однесување по Втората светска војна, благо речено, било матно. Среде целиот хаос, ЦИА во својата „Операција на спојалици“, ги регрутирала најдобрите нацистички умови. Целта било да дојдат до научниците од поразената нацистичка Германија.

Тоа биле најголемите експерти од нацистичката воена индустрија, медицина и одделот за хемиско оружје. Претпоставката била, ако не ги земеме, ќе ги земат Русите.

Речиси 1600 талентирани и успешни нацистички научници, лекари и инжинери добиле виза, станале американски државјани и до крајот на животот имале удобен живот.

Некои од научниците кои на тој начин биле регрутирани биле ракетни инженери – Вернер вон Браун (креаторот на славниот нацистички далекусежен проектил V-1 и V-2) и Артур Рудолф, директорот на концентрацискиот логор, каде 20.000 Евреи и полски работници, умреле од претепување и глад. Двајцата добиле американско државјанство.

Под водство на Вернер вон Браун изградени се во САД неколку нови типови на ракети – носачи за вселенските летови, а токму тој бил главниот конструктор на „Сатурн 5“, ракетата за користење на мисиите на „Аполо“, за заминување на Месечината со човечки екипаж.

Во Америка стигна и лекар и истакнат медицински истражувач Хубертус Стругхолд. На судот во Нурнберг се извлекол без казна, сведочејќи против своите колеги, а веќе во 1947 година, префрлен е во САД, каде по неколку години добил и американско државјанство. За време на војната бил надлежен за обука на лекарите кои изведувале експерименти над Евреите во Дахау.

Во САД бил високо позициониран и во американското воено воздухопловство и во НАСА изградил сјана научна кариера, а познат е и како „татко на вселенската медицина“.

 

Scroll to Top