(Видео) По прекинот на броењето на гласовите во Пенсилванија, пристигнаа мистериозни ливчиња за Бајден

На едно од гласачките места во Пенсилванија пристигнаа мистериозни гласачки ливчиња со заокруженото име на Џо Бајден. Ова може да се види на едно видео што се споделува на социјалните мрежи.

Броењето во еден момент беше прекинато и оддеднаш се појавија гласовите за Бајден, кои пристигнаа преку пошта.

На видеото се гледаат луѓето што ги броеја гласовите и во еден момент ги покрија прозорците со картони за да не може да се види што се случува внатре.

Според анализата на новинарот на Си-ен-ен, Џо Бајден има реални шанси да го стаса Доналд Трамп во клучната држава Пенсилванија.

Според неговата анализа, Бајден мора да добие дури 62 % од преостанатите непреброени гласови за да го стигне Трамп, кој убедливо води во оваа држава.

Секоја рационална анализа укажува дека нема простор Бајден да ја стигне предноста на Трамп, која изнесувала над 600.000 гласа.

Scroll to Top