(Видео) Поранешен американски сенатор тврди дека Путин испратил НЛО за да ги уништи американските воени бродови

Поранешниот американски сенатор Хери Рид, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин, е човекот кој ги испратил мистериозните летачки објекти, кои морнарицата ги снимила во 2019 година.

„Таквите летала имаа за цел да ги уништат американските воени бродови“, смета Рид и ги повикал американските власти да воспостават некаква трајна НЛО програма.

За потсетување, во 2019 година, американската воена морнарица, успеала да сними голем број на непознати летачки објекти, снимки за кои подоцна ја потврди и автентичноста, како летаат во близина на брегот на Калифорнија.

Во интервју за Misterivire, Рид со водителот разговарал за потеклотo на мистериозните летечки објекти, сомневајќи се дека станува збор за руска, а можеби и кинеска вмешаност.

„Секогаш сетете се дека со Русија, поранешниот Советски Сојуз, управува човек кој ја водеше организацијата КГБ. Сигурен сум дека Русија е вмешана во ова, нема сомнеж во тоа“, изјавил Рид.

Тој изјавил дека работи од типот на НЛО е нешто што не смее да се занемари и дека претседателот Џо Бајден треба да биде запознаен со овие прашања.

„Верувам дека би требало да постои трајно тело чија работа ќе биде да се занимава со прашања за НЛО. Пентагон е најдоброто место за да се создаде такво тело“, изјавил Рид.

Неговите коментари следеле по протекувањето на низа фотографии од истрагата на Пентагон која ја водеше за снимените НЛО. Од таму ја потврдија автентичноста на фотографиите.

Во моментов работните групи, собраат докази за извештајот на Конгресот, кој треба да биде објавен во јуни, пренесува Misterivire.

На сликите, кои ги собрал режисерот Џереми Корбел, се гледаат неидентификувани објекти кои летаат над четири американски разорувачи, вклучувајќи и разорувач на морнарицата USS Kid, во 2019 година.

Се чини дека на една од сликите се гледа предмет во облик на пирамида, додека за другите се мислело дека се беспилотни летала или балони, но, морнарицата ги навела како непознати.

Во интервјуто за Misterivire, портоаролот на Пентагон изјавил дека може да потврди дека наведените фотографии и видео снимки ги направиле припадници на морнарицата.

Потврдата следела недела дена откако адмиралот Мајкл Гилдај, шефот на поморските операции, признал дека нема идеја од каде би можеле да потекнуваат ројот на мистериозни дронови, кој во јули 2019 година, загрозиле четири американски разорувачи.

Гилдај ја водел истрагата за инцидентот со беспилотните леталакои летале над бродовите и се наоѓале во близина од 100 наутички милји од брегот на Калифорнија.

Евиденцијата на летот открила дека дури шест мистериозни летала ги следеле воените бродови во близина на чувствителното подрачје за обука на Канаслите острови, со брзина до 40 километри на час. Сите од нив маневрирале подобро и побрзо од американските воени дронови.

На прашањето дали морнарицата го потврдила идентитетот на дроновите на медиумите, Гилдај одговорил со краток одговор „Не“.

Се чини дека неговиот одговор ја исклучува теоријата дека дроновите можеле да дојдат од тајната американска воена програма. Тоа довело до раст на шпекулациите дека ги изградила соперничка воена сила или дека се случува нешто друго, нешто кое Американците не можат да го разберат.

Рид ги пофалил луѓето од Пентагон за нивната искреност дека не можат да дадат објаснување од каде потекнуваат овие летала.

Од податоците кои ги добил од бродските дневници, кои се под Законот за слобода на информации и од изјавите на некои од очевидците кои биле дел од персоналот на бродовите, било утврдено дека беспилотните летала имале далеку поголеми воздухопловни способности од кои било претходни познати беспилотни летала.

Овој настан е тесно поврзан и со некои од претходните вакви слични шпекулации за средби со НЛО, особено со инцидентот во ноември во 2004 година, кога шест пилоти на Super Hornet леталата, оствариле визуелен или инструментален контакт со мистериозно летало.

Извештаите за вакви слични средби со мистериозни летала, датираат уште од шеесетите години од минатиот век, но повеќето американски воени истраги за нив и понатаму останале класифицирани.

Законодавците со години го повикуваат Пентагон да отвори тајна евиденција за средбите, повикувајќи се на загриженоста за нарушената национална безбедност.

Во јануари, во рамки на пакетот за помош за Ковид 19, Конгресот одредил краен рок до 1. јуни, за американските известувачки агенции и Министерството за одбрана да ги објави сите работи со кои е запознаен.

Scroll to Top