(Видео) Поранешен американски воен агент тврди дека бил сведок на вонземјани

Ричард Доти е пензиониран агент од военото воздухоловство на САД, кој се охрабрил да проговори за специјалната програма на американската влада. Во мај 2001 година, со помош на уфологот Стивен Грир, Доти сведочел во Националниот прес-клуб во Вашингтон во рамки на проектот за откривање на тајните на американската влада.

На состанокот се сретнале 20 пензионирани службеници од Воздухопловството, Федералната управа за воздихопловство и известувачките служби. Тие се состанале со цел јано да ги споделат своите искуства кои ги имале со НЛО. Речиси две децени подоцна, Доти ја прецизирал неговата улога во воздухопловната база Кирланд, која вклучувала и проучување на вонземјани.

„Бев контраизвестувачки офицер во базата“, открил Доти во 2017 година, за потребите на снимањата на серијата на „Нетфликс“, „Неодобрени“.

„За време на мојот ангажман бев запознат со посебна пристапна програма, која вклучува истрага на вонземјани од страна на американската влада“, дополнил тој.

Доти добил критики истата година, откако признал дека бил ѝ дел од дезинформациониот проект на американската влада. Тој бил дел од документарец шравен во 2013 година со име „Мираж Мен“. Во документарецот Доти открива како војската сакала да го сокрие користењето на напредната технологија.

Тој вели дека многумина се обидувале да ја дискредитираат неговата приказна. Доти вели дека писателот Марк Пилкингтон го изменил неговото интервју ѝ дека некои делови од истото биле исфлрени.

Доти исто така тврдел дека бил сведок на вонземјански тела, по несреќата во Розвелт.

„Беа големи околу четири метри, а некои од нив беа тешко повредени. Ни беше кажано дека се однесени во воздухопловна база во Киркланд, во Албекерки, пред да бидат префрлени во Лос Анџелес“, изјавил Доти.

Scroll to Top