(Видео) Природен феномен забележан во САД, луѓе велат дека виделе ледени палачинки кај езерото Мичиген

By

Мистериозни ледени формации се забележани во близина на езерото Мичиген, во САД, а голем дел од луѓето кои ги виделе велат дека личеле на палачинки. Ледените палачинки биле видени на јужниот брег од езерото на плажата Рејнбоу, која деновиве беше зафатена од силен студ.

dobivaj vesti na viber

Андреа Вандер Воуд, од лабораторијата за истражување на големите езера при Националната управа за океани и атмосфера, рече дека е во прашање интересен природен феномен. Андреа рече дека мора да се создадат специфични услови за да настанат ваквите ледени палачинки.

Мора да има посебна температура, а мразот обично се формира веднаш под точката на мрзнење во областите каде што има малку бранови.

„Доколку мразот не се скрши, настануваат кругови и на тој начин се формираат палачинките. Брановите и ветровите ја прават таквата форма“, рече Андреа.

Научниците порачаа дека иако ледените палачинки не се необични за Арктикот, тие почнале да се појавуваат и на Големите езера поради студеното време.

Ќе ви се допадне

go88 rút tiền trong bao lâu otp go88 code go88

Tải Sunwin trực tuyến 2022 - Sumwin đổi thưởng bản mới o sunwing.ultipro.ca bắt cầu tài xỉu sunwin