(Видео) Пронајден најстариот компјутер на светот, кој датира уште од античкиот период

Светски научници веруваат дека го откриле најстариот компјутер на светот, кој датира уште од античко време пред 2000 години. Уредот бил најден во Грција уште во 1901 година, а сега научниците се обидуваат да разберат како тој работел.

Механизмот Антикитера бил изработен од бронза и имал десетици запченици. Бил најден како дел од остатоци од брод од римско време. Рачно се напојувал, а експертите веруваат дека им служел на луѓето во минатото да ги предвидат помрачувањата и другите астрономски настани.

Досега е најдена само една третина од него и е тешко да се утврди начинот на кој тој функционирал и работел.

Експерти од лондонскиот Универзитетски колеџ, користејќи 3-Д моделирање успеале да направат целосна реплика, а во процесот користеле модерни материјали.

Сонцето, Месечината и планетите се прикажани со импресивна вештина на древната грчка брилијантност. Ова е првиот модел кој одговара на сите физички докази и на описите во научните натписи врежани во самиот механизам“, вели Том Фрит, водачот на истражувањето.

Механизмот се опишува како астрономски калкулатор и прв аналогни компјутер. Тој е направен од бронза и содржи десетици запчаници.

Scroll to Top