Идејата за чипирање на луѓето предизвика остра полемика во целиот свет, а каков однос кон тоа прашање имаат Русите покажала последната анкета од Серускиот центар за истражување на јавното мислење VCIOM, според која мнозинството изразило негативен став.
Дури 77 % од анкетираните одбиле да бидат чипирани, а околу 45 % стравуваат дека тоа би можело да се направи тајно.
Повеќето од половината, 54 %, имале недвосмислено негативен однос кон ваквата идеја, и тоа најголем дел од Русите биле на старост од 35 до 44 години. Само осум проценти имале позитивен став.
Тоа претежно биле Руси на возраст од 25 до 24 години, а недефиниран однос кон ова прашање имале само 11 % од испитанците.
Со самата идеја запознати се 84 учесници од анкетата, но нешто подетаљно за таа тема знаат 15 % од нив и тоа, пред сè, станува збор за граѓани од Москва и Санкт Петербург.
Луѓето од селата што учествувале во анкетата се во групата на оние што првпат слушнале за таквата можност. Страв од тајно чипирање покажале 45 % од анкетираните, а 52 % од нив не се плашат.
Интересно е дека дури 51 % од учесниците во анкетата сметаат дека техничките услови за чипирање на луѓето постои и сега, а секој трет испитаник е убеден дека таквата технологија ќе се појави во иднина.
Анкетата се занимава и со прашања од типот која би била предноста на чипирањето, а кои би биле негативните последици. Па, така, Русите како предност на чипирањето ја навеле замената на идентификациските документи. Преку чипирањето би се олеснала потрагата по исчезнатите лица.
Би се замениле банкарските картички и би се овозможило полесно давање медицинска помош затоа што во чипот би ги имало податоците за здравјето на човекот. Сепак, 34 % од испитаниците се убедени дека чипирањето нема никаква предност.
Кога се во прашање недостатоците, списокот е подолг. Анкетираните стравуваат од можноста за следење, контрола, кршење на човековите права и слобода, мешање во приватниот живот, влијание врз здравјето, вклучувајќи ги и алергиите, влијанието врз психичката состојба кај човекот, можноста за манипулации, крањето на податоците и протокот на информации.
Истражувањето е спроведено на 1 август на 1.600 граѓани преку телефонски пат.