(ВИДЕО) Руска радио станица преку 40 години емитува мистериозен, морничав сигнал

На сигналот може да се слушне страшен зуечки тон, повремено прекинат со машки глас. Руската мистериозна радио страница позната како „MDZhB“, веќе преку 40 години, во етерот испраќа мистериозен сигнал и звук кои наликува како да зуе, заедно со кодните имиња и броеви, но никој не знае што точно значи, ниту зошто се испраќа ваквиот сигнал.Трансмисијата на фреквенцијата позната како „Бузер“, (The Buzzer), изгледа поттекнува од длабочинте на мочуриштето во Санкт Петерсбург. Никој не знае зошто овој сигнал се испраќа, ниту како тој работи, но е познато дека се слушнал секој ден од 1970 година.

На сигналот може да се слушне страшен зуечки тон, повремено прекинат со машки глас кој говори некои зборови на руски, а можат да се слушнат и бројки, а за прв пат е снимен во 1982 година. Но, иако со децении кружат теории, за тоа што би можел да значи овој сигнал, никој ништо од оваа мистерија не може да потврди.

На почетокот теоретичарите на заговори, говореле дека тоа е руски шпион, кој испраќа на непријателите сигнали и информации, уште во времето на СССР, a понекогаш надвладувале мислењата дека Русите во етер испраќале информации за вонземјани.

Но, според пишувањата на „Дејли стар“, дури ни самиот воен врв на Русија нема информации за овој сигнал, а некои сметаат дека сигналот функционира како „прекинувач за мртвиот човек“, односно, кога сигналот ќе згасне, тоа автоматски значи дека ќе се лансираат руските атомски бомби на одредени локации.

Scroll to Top