(Видео) Руската државна телевизија го прекина говорот на Путин, од Кремљ велат дека имало технички проблем

Руската државна телевизија го прекина преносот од говорот на претседателот Владимир Путин во сред реченица додека тој денеска се обраќаше пред десетици илјади приврзаници на главниот фудбалски стадион во Москва.

Путин изненадувачки исчезна среде говорот на стадионот „Лужники“ додека зборуваше пред големиот број собрани луѓе по повод годишнината од присоединувањето на Крим кон Русија.

Неговите приврзаници за време на говорот мавтаа со руски знамиња и викаа „Русија, Русија“. Но, во еден момент, додека се чинеше дека сѐ е во ред, одеднаш Путин го прекина говорот и си замина. Портпаролот на Кремљ рече дека станувало збор за технички проблем со серверот.

А вот как Путин покидал сцену — на трансляции этого не показали. pic.twitter.com/uy0KU410rc

— Georgia 🇬🇪 (@ninosha777) March 18, 2022

Извор/espreso.co.rs

Scroll to Top