(Видео) Самоубиството на телохранителот на Путин не бил прв инцидент во неговата единица

Веста за самоубиството на Михаил Захаров, еден од телохранителите на рускиот претседател Владимир Путин, за брзо време го обиколи светот. Голем број од заговорниците се прашуваат за причината за неговото самоубиство, особено што ова не е прв инцидент што се случил во неговата единица FSO.

Многумина се прашуваат во какви услови работат овие луѓе и колку е сега безбеден рускиот претседател.

Како што пренесуваат руските медиуми, Михаил Захаров се самоубил поради тешките и неподносливи услови за работа, а во последните денови во јавноста се шпекулирало дека тој минувал и низ тежок развод.

Руските медиуми за Михаил Захаров, кој бил член на оваа елита, пишуваат дека покрај сите проблеми кои ги имал на работа, минувал и низ тежок развод. Многу од нив шпекулираат дека неговото самоубиство не било ништо повеќе од лична трагедија, без професионални импликации.

Но, постои и мал шаблон на несреќни настани во оваа единица. Во март еден од снајперистите од воената единица 11488 FSO се застрелал во својот дом.

Минатата година офицер од едно од регионалните одделенија на FSO, единицата „Волга“, на Сојузниот округ, Посебната управа за комуникации и информации, му се заканил на својот надреден, вперувајќи во него службено оружје, откако бил променет распоредот на празниците.

Рускиот портал „Во сенка на Москва“ излезе со интересни информации за позадината на овој настан. Медиумот објасни за единицата во која тој припаѓал и тешките услови и тренинзи на кои биле подложни луѓето кои биле дел од неа.

На какви сè тортури биле подложни, тренинзи кои требале да ги поминат за да станат дел од неа. Исто така руските медиуми ги пренесоа и условите во кои овие луѓе сега работат и одземените привилегии кои ги уживале до неодамна.

Каналот „База Телеграм“ тврдел дека Михаил всушност бил еден од телохранителите на Путин, што го правело дел од Претседателската служба за безбедност, која била еден вид на пододеление на FSO.

Други руски извори, пак, тврдат дека Михаил бил дел од претседателскиот пук, кој бил под команда на московски Кремљ, или со други зборови бил член на гардата на Кремљ.

Оваа единица е составена од 5.500 луѓе, потчинети на командата на Кремљ, на генералот-потполковник Сергеј Хлебников.

Неговата касарна се наоѓа внатре во Кремљ, во „Блок 14“, во зградата Арсенал, на другата страна од комплексот од Соборниот плоштад, каде што наводно се случил инцидентот.

Сите негови припадници мораат да исполнат одредени барања во поглед на физичката подготвеност, да бидат високи најмалку 190 сантиметри и никогаш да не биле регистрирани во психијатриска установа. Морале да поминат низ интензивна проверка на минатото.

За да бидат дисквалификувани, доволно било да имале по еден близок роднина кој живее во странство. Тоа се мажи во сини униформи околу Кремљ и мажи во темносина зелена парадна униформа, кои стојат на стража кај Гробот на непознатиот војник во Александровската градина.

FSO има низа на членови и улоги, почнувајќи од основачи на Специјалната гаража, па до аналитичари кои ги преиспитуваат податоците на јавното мислење или следење и барање на сериозни закани во претседателските преписки.

Ваквото политичко влијание значително им било намалено со пензионирањето на поранешниот директор Евгениј Муров во 2016 година. Муров бил ветеран со значително влијание зад сцената. Него го заменил Дмитри Кочнев, сериозна професионална личност, но не со толкав авторитет.

Од тој момент, постоело пригушено негодување во оваа елитна единица. Некогаш, покрај релативно високите плати и зголемените чинови кои ги добивале, за голем дел од овие лица неизбежната прекувремена работа ги принудила на чекор да бараат предвремена пензија.

Потоа и предвремената пензија им била укината, а во моментов не се платени ниту за прекувремената работа. Честопати, за некои од нив се очекува и да ги одложат или скратат одморите, а иако добиваат добра медицинска нега, истата не се одобрува кога земаат одмори.

За разлика од нив, членовите во FSB и MVD имаат можност да примат мита и да добиваат месечни примања кога работат како приватно обезбедување. За редовните службеници во FSO, митото не е опција, а второто е строго забрането.

Кога на ова ќе се надоврзат и тешките услови за работа, може да се каже дека претседателскиот пук во моментов не е доволно силен, а останатите проблеми само дополнително ја влошуваат неговата состојба и ја намалуваат безбедноста на рускиот претседател Путин.

Тешките услови, произволното управување и лошите односи меѓу офицерите и мажите се долгогодишни проблеми во рускиот сектор за безбедност.

Но, впечатливо е тоа што, кога во време полицијата и вооружените сили вложуваат напори истите да ги надминат, единицата на FSO заостанува во таквите намери.

Се самоуби телохранителот на Владимир Путин

Scroll to Top