(Видео) Шефот на НАСА за НЛО: Не сме сами во вселената

Директорот на американската вселенска агенција НАСА, Бил Нелсон, го коментираше извештајот на американската национална разузнавачка служба за неидентификувани летечки објекти, па во интервју за „Си-ен-ен“, рече дека верува дека човекот не е сам во вселената.

Нелсон е поранешниот сенатор на Флорида и беше еден од двајцата конгресмени кои полетаа во вселанта. Од мај годинава тој беше поставен на чело на американската вселенска агенција НАСА.

„Дали сме сами? Лично мислам дека не сме. Универзумот е толку голем. Создаден е пред 13 и пол милијарди години. Тоа е прилично многу. Но, луѓето се гладни за ваков вид информации и ние ќе продолжиме да бараме“, рече Нелсон.

Во споменатиот извештај кој претставници на Пентагон го претставија јавно пред Конгресот, се евидентирани 144 неидентификувани воздушни појави, за кои нема конкретно објаснување.

„Врз основа на нашата анализа на податоци, ако и кога ќе се решат одделни инциденти со неидентификувани летачки појави, тие ќе спаѓаат во една од петте можни категории: воздушни феномени, природен атмосферски феномен, напредни развојни програми на САД, странски напредни системи насочени против САД и петта е „корпа“ во која се сместени сите други феномени“, објасни Нелсон.

Тој признава дека нема сознание за тоа што пилотите на морнарицата виделе.

„Пилотите видоа нешто, ги следеа предметите, ги следеа со радар. „Тие предмети одеднаш се движеа од место до место, а извештајот ни кажува дека имало повеќе од 140 такви видувања“, рече шефот на НАСА.

Сега се чека извештај од научниците, со цел да се види дали има некакво објаснување од научна гледна точка.

На прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен што мисли за овие летачки феномени, Нелсон изјави дека пред три години тој лично разговарал со пилотите на морнарицата кои имале средби со овие неидентификувани феномени и дека верува дека „има нешто“ таму.

„Во случај да не станува збор за вонземски летачки објекти, тогаш станува збор за многу напредна технологија на странски сили, што треба да не загрижува во Америка. „Според досега достапните информации, другите земји не треба да имаат толку напредна технологија“, додаде директорот на НАСА.

„Кога станува збор за вселената, запомнете, универзумот е толку голем“, нагласи Нелсон.

„Ние во НАСА имаме програма наречена „Потраа по вонземска интелигенција“. Но, досега не воспоставивме комуникација со ниту една интелигентна форма на живот“, нагласи тој.

Scroll to Top