(ВИДЕО) Што ли и се случило?! – Ова е нашата планета, после 250 милиони години!

Научниците предвидуваат дека за 250 милиони години ќе се формира нов мегаконтинент Амазија.

Северна и Јужна Америка ќе се спојат, а ќе им се приклучат и Евроазија, додека Карипското море и Северниот леден океан ќе исчезнат, велат научниците од Јелј универзитетот, и јапонската Агенција за морско-копнени науки и технологии.

Тоа ќе се случи поради движењето на тектонските плочи кои во циклусите од по повеќе од стотина милиони години се спојуваат или раздвојуваат.

Истражувањето е објавено во стручното списание Нејчер, засновнано на теоријата на ортоверзија, според кое континентие, по распадот на суперконтинентот, се оддалечува едно од друго, но само до моментот на подвлекување на една тектонска плоча кон друга.

Денешната точка по која континентот престанува да се оддалечува една од друга е Пацифичкиот огнен прстен и токму тука ќе настане нов суперконтинент.

За да се тестира моделот, истражувачите користеле палеомагнетски податоци за да ги проучуваат варијациите во ротација на Земјата.

Таа варијација предизвикува промени во дистрибуцијата на масата на планетата, која се обидува да одржи ротационен еквилибријум. Промените се случуваат во текот на повеќе од милиони години.

Со комбинирањето на овие податоци и со знаењето за тоа како овие суперконтинентите ќе влијаат на движењето на Земјата, научниците ја предвидуваат Амазија.

„Кога ќе исчезне Северниот леден океан и Карипското море, ќе бидеме на патот кон создавање на суперконтинент“, вели доктор Рос Мичел, лидерот на студијата. „Јужна и Северна Америка ќе се сретнат со Евроазиај и практично кај Северниот пол“.

Независно од нив, до истиот заклучок дојде и доктор Масаки Јошида, геологот од Јапонија, кој својата работа ја објавил во списанието „Geology“.

Последниот суперконтинент Пангеја, е формиран пред околу 300 милиони години, а во неговиот центар била Африка.

Почна да се откинуваат на контингентите кои настанале денеска, а околу 100 милиони години подоцна настана Атлантикот.

Истражувачите веруваат дека Пангеја е третиот или четврти суперконтинент во историјата на Земјата. Пред неа настанел Родинија (пред милијарда години) и Нуна (1,8 милијарди години).

Scroll to Top