(Видео) Сведочењето на една жена му го уништил животот, Американец поминал невин во затвор рекордни 43 години

Кевин Стрикланд (61) од Канзас Сити, минал невин во затвор 43 години, откако бил обвинет за трикратно убиство. Тој сега наскоро се очекува да излезе на слобода.

Тој уште во 1979 година бил ослободен од обвинението на своето прво судењето, но, само два месеци подоцна, поротата го прогласила за виновен.

Минатиот ноември, весникот „Канзас сити стар“, објавил приказна за двајца мажи, кои во април 1978 година, се изјасниле виновни за случаите со убиствата. Тие изјавиле дека Стрикланд не бил со нив за време на злосторствата,

Тоа била причината за обвинителот во тој округ, Џексон, да се позанимава со овој случај. Обвинителите побарале итно ослободување на Кевин.

Тој претходно бил обвинет поради сведочењето на, сега веќе покојната Синтија Даглас, која пак го променила својот исказ пред да почине во 2015 година.

Доколку биде ослободен, Стрикланд ќе собори неславен рекорд. Тој ќе биде осуденик кој минал најмногу врме во затвор, во историјата на САД, како невин човек, пренесува „Њујорк пост“.

Како што пренесуваат медиумите, Синтија, која исто така била ранета за време на злосторствата, била единствениот доказ кој го поврзал Стрикланд со убиствата.

„Јас бев единствениот сведок и тогаш не ми беа јасни многу работи, но, сега знам повеќе и сакам да помогнам како можам“, соопштила таа пред да почине.

За време на судењето, обвинителите тврделе дека тој имал пиштол, но, не се пронајдени никакви соодветни отпечатоци. Новата форензичка анализа покажала дека единствениот отпечаток од оружјето, не му припаѓа на Стрикланд.

„Ова е неверојатна грешка која мораме да ја исправиме. Сите кои повторно го прегледале случајот се согласуваат дека тој мора да биде ослободен“, изјавиле од Кабинетот на обвинителот во округот, Џексон.

Стрикланд за време на сите овие години поминати во затвор, постојано тврдел дека е невин, а дури и двајцата други осуденици, тврделе дека тој не е вмешан во случајот со убиствата.

Дури и  уште еден маж, против кого никогаш не било подигнато обвинение, изјавил дека Кевин нема никаква врска со убиствата.

Scroll to Top