Турската свршеница на убиениот новинар Џамал Кашоги, студентката Хатис Ченгиз, дури по неговата смрт дознала дека тој бил венчан со друга жена.
Ченгиз дознала дека Кашоги се венчал со Египќанката Ханан Ел-Атр, која работела како стјуардеса, четири месеци пред да биде убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.
Кашоги во конзулатот во Истанбул, каде што е убиен, сакал да ги земе документите за развод од својата поранешна жена во Саудиска Арабија.
Дури кога убијците го распарчиле неговото тело во октомври 2018 година, неговата турска свршеница дознала дека тој се оженил со друга четири месеци претходно.
Ханан е Египќанка и работи како стјуардеса во Емиратите. Таа изјавила дека со Кашоги ги венчал имам во џамија во северна Вирџинија во јуни 2018 година.
Двојката никогаш не добила венчален документ, кој би бил доказ дека и правно се во брак. Единствениот доказ е бурмата што Кашоги купил за 2.000 долари.
Ханан ја чува сметката од бурмата, рече дека тие се запознале девет години претходно на една конференција во Дубаи. Тие си ги размениле телефоните и останале во контакт. Си разменувале фотографии и снимки и цитирале арапска поезија.
На почетокот во 2018 година Кашоги, кој работел како колумнист во весникот „Вашингтон пост“, заминал за Вашингтон, каде што Ханан летала двапати месечно. Тие минале некое време заедно, станале блиски и Кашоги ја викнал на својот роденден во март.
Две недели подоцна тие се свршиле.
“I am addressing you as a victim but I still seek justice.” — @mercan_resifi
Watch #TheDissident now on @appletv: https://t.co/yanAmey9jy
and @primevideo: https://t.co/E1j7XGyS6r pic.twitter.com/jqdjuDciXW— The Dissident (@TheDissidentMov) January 18, 2021
„Ме праша дали сакам да бидам со него. Ми рече дека влече тежок багаж зад себе и дека нема многу стабилен живот“, изјавила Ханан.
Британскиот таблоид „Дејли мејл“ наведува дека резервираноста кај Кашоги била разбирлива затоа што мрежата се затворала околу него и другите саудиски бегалци, кои го критикувале тамошниот режим.
На почетокот на мај, неколку недели по свршувачката, Ханан била запрена на аеродром од безбедносните служби во Дубаи.
„Ми го прегледаа телефонот, а ми дојдоа да пребаруваат и дома“, изјавила таа и додала дека тогаш го испрашувале и Кашоги.
Таа минала десет дена во притвор во Обединетите Арапски Емирати, период кога бил испрашуван и Кашоги. За целото тоа време Кашоги бил во Истанбул, а на својата прва жена ѝ се правдал дека е во посета на сестра му која живеела таму.
Но, вистината е дека тој тајно се гледал со друга жена, студентката Хатис Ченгиз. Тие се запознале на конференција на која таа му побарала интервју. Ченгиз раскажала дека тој бил најважниот новинар на Блискиот Исток. Нивниот разговор набргу прераснал во посебен однос.
Додека биле заедно, Кашоги секојпат кога ќе се виделе, ѝ подарувал накит. Тој сакал да купи стан во Истанбул и да се венчаат. Ченгиз вели дека тој никогаш не ѝ кажал дека бил оженет со друга, туку дека бил разведен.
Татко ѝ Хатис Ченгиз бил сомничав и го испрашувал Кашоги за тоа дали има други жени во неговиот живот.
„Мојот татко добро знае дека Арапите имаат повеќе од една жена. Тоа беше малку чувствителна тема за мојот татко“, изјавила Хатис. Како се искомплицирал неговиот љубовен живот, паралелно се комплицирала и неговата лична безбедност.
За време на еден лет, неговиот пријател Омар Абдулазиз, кој живее во Канада, му рекол дека саудискиот режим му ги хакирал и компјутерот и телефонот и дека му ги собрале сите приватни податоци.
Во тоа време Ријат имал иницирано нова софистицирана шпионска платформа Пегаз, која ја купиле од Израел за да ги следат нивните противници. Кашоги бил убиен и распарчен во зградата на конзулатот во Истанбул на 2 октомври 2018 година.
Во конзулатот првпат дошол на 28 септември за да добие потврда за разводот за да можда е се ожени со Ченгиз. Кашоги, кој бил некогаш инсајдер на кралското семејство, а потоа станал и негов критичар, му било кажано дека ќе мора да се врати на 2 октомври.
Последен пат бил виден жив како влегува во зградата во 13.14 часот. Неговото тело било распарчено и отстрането од зградата. Истражителите подоцна утврдиле дека тој бил врзан и дрогиран. Саудсиката влада демантирала каква било вмешаност во случајот.
Тие тврделе дека станува збор за отпадничка операција на таканаречениот тигар-тим, кој бил испратен да го убеди Кашоги да се врати во татковината. Американската известувачка агенција ЦИА тврдела дека таквата операција не била возможна без помош на највисоките саудиски официјални лица, односно принцот Бин Салман.