(Видео) Телохранителите на Путин ги пензионираат по 35 година, кои се луѓето кои можат да го чуваат рускиот претседател

Единицата од личното обезбедување на рускиот претседател Владимир Путин, е најдобриот и најобучен тим во земјата и еден од најдобрите во светот. Сајтот Russia Beyond собрал повеќе детали од повеќе извори, анонимни и официјални и сите достапни информации за тоа како функционираат лицата од личното обезбедување на Путин.

Неколку месеци пред Владимир Путин да ја напушти својата резиденција за да се појави во јавноста, неговиот тим стапува во акција. Прво ги анализира сите можни закани, криминални активности, немири, перцепцијата во јавноста, па дури и можноста за природни катастрофи.

Месец дена пред посетата, членовите на тимот стигнуваат на локацијата за да го усогласат својот распоред на активности со локалните власти и да го проверат сместувањето за претседателот. Сите работи до најмал детал, како што се кваките на вратите, мора да функционира беспрекорно.

Во собите на претседателот не смее да влезе никаков технички персонал, ни мајстори. ИТ експертите и техничкиот персонал инсталира уреди кои ги блокираат радиосигналите на претседателската локација.

Опремата на претседателскиот надзорен тим ги следи сите паметни телефони и други уреди во близина на локацијата на Путин, во потрага за било каква соминтелна активност.

Руските закони им дозволуваат на претседателското обезбедување, да инсталира и да користи прислушкувачи на хардверите и софтверите од било кој вид, да изврши претрес на луѓето, да има пристап до било која зграда и организација и да заплени секаков вид на возило.

Заплената на цивилни возила е дозволена само во екстремни ситуации и до сега не се забележани такви случаи, потсетува Russia Beyond. Дури по овие подготовки, Путин пристигнува на локацијата.

Специјалната служба е одговорна за безбедноста на рускиот претседател. Таа се вика Федерална служба за обезбедување. Иако бројот на персоналот е таен, според некои неофицијални информации оваа служба брои околу 50.000 лица.

Освен Путин, тие го чуваат и премиерот, претседателот на Државната дума и претседателот и потпретседателот на Мнозинската Федерација, министрите за надворешни работи, министерот за одбрана, директорот на ФСБ, шефот на претседателскиот кабинет и претседателот на Централната изборна комисија.

Во составот на ФСБ постои и посебна единица задолжена за личната безбедност на Путин. Воено искуство велат дека не е неопходно.

„Малку е веројатно дека член на обезбедувањето на претседателот мора да организира заседи на планинските патишта или да скока со падобран“, рече поранешен член од обезбедувањето на Путин.

„Военото искуство е корисно, но, често не е принемливо во нашата работа. За време на војна, напаѓате. А, телохранителите треба само да бранат личност од некој невидлив“, додал тој.

Поради тоа, поранешните полициски оперативци не се погодни за оваа работа. Тие се обучени да ги фатат претстапниците, додека за претседателските телохранители, најважна е безбедноста на претседателот на државата.

Телохранителите, како што наведува Russia Beyond, мора да поседуваат оперативна психологија, односно да се во состојба да предвидат и да спречат некаква закана, а тоа да го направат, така што никој друг нема да забележи.

Со тоа, кандидатите мора да бидат помлади од 35 години, високи меѓу 175 и 190 сантиметри и тешки меѓу 75 и 90 килограми.

Личните телохранители на претседателот мора да познаваат странски јазици, да бидат упатени во политиката и да знаат како да му пријдат на шефот. Телохранителите мора да бидат издржливи, да поднесат студ во тенки капути затоа што дебелите јакни ги забавуваат движењата и да не се потат кога е топло.

Според некои извештаи, тие користат лекови кои влијаат на психичките процеси. Интересно, но, на телохранителите им е дозволено да пушат, затоа што тоа им помага да го совладаат стресот. Цигарите во присуство на претседателот не се дозволени.

Поради стресот кој го трпат, телохранителите се пензионираат по 35 година. Кога претседателот е во јавност, обезбедувањето е организирано во четири прстени. најблискиот прстен го чинат личните телохранители на Путин. Опасни момци во одела и темни очила.

Имаат роба и слушалки на уво. Заканувачкиот изглед е важен, затоа што така се испраќа порака до потенцијалните напаѓачи дека претседателот е добро заштитен.

Руските телохранители се секогаш пред телото, подготвени, ако затреба, веднаш да реагираат и со своите тела да го заштитат претседателот. Торбите кои понекогаш ги носат се заштитни штитови кои можат да се корисат за заштита на претседателот од куршуми.

Телохранителите се вооружени со пиштоли Gjurza, со калибар од 9 милиметри, кои може да испали 40 куршуми во минута и да пробијат панцири на оддалеченост од 50 метри.

Но, ако дојде до пукање, значи дека обезбедувањето не си ја завршило работата, затоа што секој намад мора да биде спречен однапред. Уште едно од парчињата опрема која телохранителите мора да ја носат, се цврсти чадори.

Најважниот прстен за заштита на Путин, не е првиот, туку вториот. Членови од ова обезбедување не незабележливи во јавноста. Тие се облечени како цивили и дискретно бараат потенцијални напаѓачи. Третиот прстен ја опкружва масата и спречува сомнителни лица да стигнат во близина на претседателот. Поради тоа опасно е да се трча, вика и да се прават нагли движења во близина на Путин.

Ако претседателот се појави во голем јавен простор, често се инсталира и дополнителна заштитна опрема како панел од непробојно стакло. Покрај тоа, тешко вооружениот дел од едницата патува со придружбата на Путин во оклопно возило. За екстремните возења, потребна е вештина за поголемиот дел од обезбедувањето на Путин.

Овие луѓе се специјалци вооружени со атомски пушки АК-47, снајперска пушка „Драгунов“, противтенковски рачни фрлачки гранати и преносни противвоздушни ракетни системи „Оса“.

Но, главниот ресурс на обезбедувањето на претседателот, во случајот на Владимир Путин, е самиот претседател, наведува Russia Beyond. Со оглед дека има искуство во советската и руска тајна служба, Путин е државник со кој воглавно лесно се работи, велат некои од поранешните припадници на претседателското обезбедување.

Тој е свесен дека неговото обезбедување знае што прави и секогаш ги слуша нивните сугестии.

Scroll to Top