(Видео) Темпирана бомба во срцето на Европа, ако експлодира последици ќе има по цел свет

Во фабриката за нуклеарен отпад „Селафилд“ во Велика Британија во Камбрија, би можела да се случи несреќа, многу полоша од таа која се случила во Чернобил.

Британски „Сан“, објави дека во изминатите две години се случиле дури 25 случаи од типот на таканаречено пробивање на безбедноста. Во групата на згради, опкружени со железна ограда, долга шест километри, се наоѓа складиште со 140 тони плутониоум.

Тука се ракува со радиоактивен отпад кој го создаваат британските реактори. Фабриката во Камбрија, се смета за најопасното место во Европа. Нуклеарните шефови инсистираат дека безбедноста им е приоритет.

Но, инцидентите кои се случиле во „Селафилд“, се однесуваат на чурење од водните цевки, незатворање на контејнерите за нуклеарен отпад, просипување на ураниумски прав и чурење на киселина од цевките.

Џенин Смит од групата „Камбријанци против радиоактивното опкружување“, изјавила дека мештаните живеат во страв поради потенцијален сериозен инцидент.

„Едно пробивање на безбедноста е премногу. Не би требало да има ниту едно. Само една грешка може да биде катастрофална“, изјавила Смит.

Според записниците, бомбашкиот одред бил повикан во октомври 2017 година, кога потенцијално нестабилни хемикалии предизвикале голем страв кај населението. Месец дена подоцна, еден работник бил изложен на ниско ниво на радијација.

Од „Селафилд“ наведуваат дека ниту еден од настаните забележани во изминатите две години не бил над најниското ниво на класификација. Во склад со посветеноста и отвореноста, како што наведуваат, се истражуваат сите инциденти и извештаи за деталите на нивната веб страна.

Никогаш не сме задоволни од безбедноста и секогаш се трудиме да бидеме подобри, наведуваат во Селафилд.

 

Scroll to Top