(Видео) Терористички напад во катедралата „Нотр Дам“ во Ница

Најмалку тројца се загинати и неколкумина ранети во терористичкиот напад кој се случи денеска во црква во францускиот град Ница. Според наводите на одредени француски медиуми, една од жртвите е жена која била обезглавена.

Медиумот „Фигаро“ пренесува дека телото на жената е пронајдена во катедралата „Нотр Дам“. Друга жртва загинала на улицата пред црквата во обидот да се скрие во блискиот кафе-бар.

Уште еден маж е убиен, а според информациите на службите, станува збор за  лицето Винеснт Л. Полицијата го уапсила терористот. Станува збор за 23-годишно момче, кое во моментот се наоѓа во болница, пишува “Лапаризиен“.

Напаѓачот по апсењето викал „Алаху акбар“. Засега не е познат неговиот идентитет затоа што кај него не биле најдени никакви лични документи. Во моментот полицијата работи на утврдување на неговиот идентитет врз основа на отпечатоците земени од ножот.

Според пишувањата на француските медиуми, се слушнале истрели околу девет часот утрината. Граѓаните биле замолени да го избегнуваат просторот околу црквата, додека во тек се одвивала полициската акција. Градоначалникот Кристија Естроси ѝ се заблагодари на полицијата за брзата акција.

„Јас сум на самото место заедно со полицијата. Потврдувам дека сите знаци покажуваат дека станува збор на терористички напад направен во базилката“, изјавил тој.

Во меѓувреме, полицијата прави контролирани експлозии на тоа подрачје и може да се чујат детонации. Таа побара од јавноста да се засолнат додека работат нивните тимови за отстранување бомби.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерал Дарманен, изјавил дека во Ница во тек е полициска операција, пренесе „Ројтерс“.

BREAKING – Knife stabbing attack at Notre-Dame church in Nice. One dead and several injured. pic.twitter.com/EOoQGL2yHG

— Disclose.tv 🚨 (@disclosetv) October 29, 2020

Мотивот за нападот засега не е познат, но „Естроси“ навел дека врз основа на доказите се верува дека станува збор за терористички напад. Нападот се случил во девет часот утрината, а дел од градот, во кој се наоѓа црквата, е целосно блокиран.

Нападот се случи само две недели откако во Париз беше обезглавен професорот Семуел Пати. Тој беше убиен од 18-годишен Чечен затоа што Пати на учениците им покажувал карикатура од пророкот Мухамед.

Scroll to Top