(Видео) Тиктокери се обидуваат да ја протуркаат идејата дека Бил Гејтс испратил лажен снег во Тексас

Деновиве на Тик-ток кружат видеа од тазе собран снег во Тексас, кој кога ќе го стави на оган, не се топи. Според некои заговорници, станува збор за лажен снег, создаден од Бил Гејтс, со цел да ги убеди сите дека климатските промени се реални.

На видеото еден од тиктокерите се обидува да ја запали грутката снег, но не може да се види ниту вода ниту капки. Според некои од заговорниците, за лажниот снег се користи посебен метал за да биде поиздржлив.

Сепак експертите објаснуваат дека не станува збор за никаков лажен снег, ниту некаков заговор на Бил Гејтс, туку дека се работи за сублимација, процес во кој супстанцата директно минува од цврста во гасовита состојба без да помине во течна состојба.

Scroll to Top