(Видео) ЦИА ја тргна ознаката за тајност на извештајот: Саудискиот принц го наредил убиството на Кашоги

By

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, ја тргна ознаката за тајност од извештаите на безбедносните служби, кои се однесуваат на убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.

Како што се тврди во извештајот, саудискиот принц Мухамед бин Салман, го одобрил неговото заробување и ликвидација во Истанбул.

Во извештајот се наведени имиња лица, кои биле блиски до принцот. На списокот имало дваесетина лица, 21 точно, кои било на некаков начин биле вмешани во убиството на Кашоги.
Новинарот тој ден влегол во зградата за да ги подигне документите за венчање, за подоцна турските истражни органи да откријат дека таму Кашоги бил задавен и распарчен.

„Од 2017 година, престолонаследникот има апсолутна контрола над безбедносните и известувачките огранизации на Кралството, па малку веројатно е саудиските претставници да ја изведат операција од ваква природа, без негово одобрение“, е наведено во извештајот

Понатаму е наведено дека принцот на Кашоги гледал како на закана за Кралството и широко ја поддржувал употребата на насилни мерки. Сè со цел да го замолчи.

Авторите на документите исто така пишуваат дека тој имал голема доверба во седум лица чии имиња се наведени во извештајот. Во истиот се наведени сите кои на било каков начин имале учество или биле соочуесници и се одговорни за смртта на Џамал Кашоги.

„Не знаеме дали овие лица однапред знаеле дека операцијата ќе резултира со смрт на Кашоги“, е исто така напоменато во извештајот.

Како што и претходно беше пренесено, Саудијците кои го ликвидирале Кашоги, до Истанбул летале со авион од приватната компанија, која година дена претходно, пред да се случи ликвидацијата, била запленета од Мохамед бин Салман, објави претходно „Си-ен-ен“.

Телевизиската мрежа се повикувала на документи кои ја имаат ознаката „Строго доверливо“.

Во документите во кои „Си-ен-ен“ имал увид, саудискиот министер ја пренел наредбата на престолонасленикот Бин Саламан, веднаш да се одобри завршувањето на неопходната процедура за пренос на сопственоста врз компанијата „Sky Prime Aviation“.

Во документот исто така е претставена процедурата на патот по кој сопствеништвото на оваа приватна компанија, требало да се префрли на државниот фонд во 2017 година. со кој преседава престолонаследникот.

Ликвидаторите потоа во 2018 година искористиле еден од авионите за да стигнат во Истанбул, каде во саудискиот конзулат го убиле и распарчиле новинарот Кашоги. Немилиот настан се сучил во октомври 2018 година.

Пред да биде тргната ознаката за тајност на овие документи, Бајден преку телефон зборвал со кралот Саламан. Од Саудиска Арабија пак го демантираа извештајот кој го објавиле САД, за тоа дека принцот го одобрил убиството на Кашоги.

Демантот го објавила новинската агенција на владата на Саудиска Арабија, пренесе сајтот „Хил“.

„Кралството категорично го демантира тоа што го пишува во извештајот кој е предаден на Конгресот, а се однесува на убиството на граѓанинот Џамал Кашоги“, е напишано на „Твитер“.

Извор/Курир.рс/Курир.рс

 

Ќе ви се допадне

Fate/stay night: Heaven's Feel - III. Spring Song (https://animefreak.ws/m/0GK6) Episode Full - Cam at website https://animefreak.ws. See more anime

Bloom Into You (https://gogoanime.be/m/xwGG) Episode 13 at GoGoAnime gogoanime 19