(Видео) Тупак е жив и се крие на Карибите

Приватниот истражител и детектив Џими Пул, тврди дека познатиот рапер Тупак е жив и здрав, а како доказ за тоа, споделил аудио снимка и фотографија од него. Пул тврди дека познатиот музичар живее во Белизе.

Пул ја истражувал смртта на раперот, за да открие дали има вистина во приказната дека е жив. Особено затоа што полицијата во Лас Вегас го има отворено досието за неговиот случај, кој беше убиен на 13 септември 1996 година и сеуште го нема затворено.

Детективот за странски медиуми изјавил дека во Централна Америка се сокриени нови инфорамции кои укажуваат на тоа дека раперот и понатаму е жив. Тој на својот „Јутјуб“ канал објавил нова фотографија од Тупак и е убеден дека таа е реална. На фотографијата се гледа маж кој има околу 40 години, кој многу наликува на познатиот рапер.

Тој позира со еден негов обожавател во ресторан.

„Еве нова фотографија. Тупак е жив и здрав и живее во Белизе“, напишал детективот Пул.

Обожавателите на музичката ѕвезда не се убедени дека фотографијата е вистинска и коментираат дека на истата е направен фотошоп. Тие велат дека неговата глава не одговара со вратот.

Детективот е убеден во спротивното. Тој објавил и аудио снимка за која тврди дека на неа се слуша гласот на Тупак како разговара со некој негов пријател.

„Бог е сјаен и ме пушти да се вратам како четиринаесетгодишно момче. Проклетство човече. Добро сум, немам проблеми со никого, само сакам мир и среќа. Немав каде да одам. Никој не сакаше да ме прими. Сè што ми беше во главата е дека еден ден ќе се вратам“, наводно изјавил Тупак.

Пул верува дека аудио снимката е вистинска и работи на автентичноста на фотографијата, но изјавил дека верува дека тоа е дел од намерата на раперот, да им испрати на фановите порака и да ги извести дека планира да се врати.

Во меѓувреме, филмскиот продуцент Мајкл Дорси, работејќи на емисијата „Нерешено: Убиството на Тупак и злогласниот БИГ“, ја замолил полицијата во Лас Вегас да го остави познатиот музичар да почива во мир и да ги заврши 23 годишните шпекулации дека сеуште е можеби жив.

„Тупак е мртов. Да го разјасниме тоа. Сите теории на заговор се погрешни, како и оваа претпоставка, фотограифја и сникма. Полицијата конечно има можност да го реши овој случај и да ги признае сите докази кои покажуваат дека е мртов“, изјавил Мајкл Дорси.

„За разлика од мислењето на многумина, ние точно знаеме кој го уби Тупак, а исто така знае и полицијата“, изјавил Дорси.

Scroll to Top