(Видео) Убиен кралот на колбасите, напаѓачи упаднале во куќата на руски тајкун

Непознати напаѓачи упаднале во куќата на рускиот бизнисмен Владимир Маругов, познат и како „кралот на колбасите“ и го убиле.

Напаѓачите се обиделе да земат пари од Маругов, но откако не успеале, го убиле со самострел. За среќа, неговата сопруга успеала да побегне и да повика полиција.

Како што се наведува во полициското соопштение, напаѓачите упаднале во делот од куќата каде што се наоѓала сауната и ги заробиле Маругов и неговата сопруга. Сопругата успеала да им побегне и да повика полиција, додека бизнисменот веќе бил мртов кога стигнала помошта.

Иако името на убиениот бизнисмен не е објавено во официјалното соопштение, руските медиуми објавија дека станува збор за Маругов, сопственикот на компаниите „Озјорски колбаси“ и „Царството на месото“, кои се занимаваат со производство на колбаси.

Од Комитетот за истрага е соопштено дека убијците му барале пари кои тој ги чувал во куќата и  потоа побегнале со автомобил. Истражителите го пронашле самострелот со кој Маругов бил убиен, како и автомобилот на напаѓачот.

Убиството се случило во Истра, место во западна Москва, кое е познато по викендички на богатите Руси.

 

Scroll to Top