(Видео) Вакцини може да има за сите во светот, доволно е само да се оданочат богатите

Секоја возрасна личност на светот би можела да добие вакцина против коронавирусот, ако добивката која милијардерите ја остварија за време на пандемијата се оданочи со 99%, се тврди во анализата која во четвртокот ја објавија група која се залага за економска еднаквост.

Овој еднократен данок за 2690 милијардери во светот би може да покрие и до 20.000 долари во кеш исплати на сите невработени работници, се вели во анализата Оскфам, Сојуз за борба против нееднаквост на Институтот за политички студии и Патриотски милионери, пренесува „Гардијан“.

Со овој потег, на милијардерите пак би им останале 55 милијарди долари повеќе од што имале пред пандемијата, се вели во анализата. Морис Перл, поранешен генерален директор на компанијата BlekRok, најголемиот светски менаџер на имот, рече дека земјите повеќе не можат да го поднесат порастот на глобалното богатство на милијардерите, затоа што милион луѓе ги изгубиле животите и средствата за живот.

Перл, која сега ги претставува Патриотските милионери, група на богати луѓе кои го поддржуваат зголемувањето на даноците за богатите, рече дека владите историски ги користеле даноците на богатството, по кризите, за да ѝ помогнат на заедницата повторно да се обнови.

За време на Првата светска војна, САД ја зголемиле даночната стапка за луѓето со највисок приход на 67%. Во Втората светска војна, претседателот Френклин Рузвелт се обидел да го ограничи индивидуалниот доход на 25.000 долари.

Во декември минатата година Аргентина воведе еднократен данок за богатите кои имаа 200 милиони аргентински пезоси (2,5 милиони американски долари, 1,8 милиони фунти), а од мај за оние кои собраа 223 милијарди пезоси (2,4 милијарди долари).

„Нашите економии се задушуваат во овој акумулиран ресурс што може да послужи за многу поголема цел“, рече Перл. „Милијардерите треба да ја искашлат таа готовина и владите треба да ги принудат да го сторат тоа со оданочување на нивното богатство“.

Анализата користеше податоци од финансиското списание „Форбс“ и истите покажале дека милијардерите го зголемиле своето богатство за 5,5 милијарди долари од 18 март 2020 година до 31 јули 2021 година.

Зголемувањето во текот на 17 месеци било поголемо од 5,4 милијарди долари, кое богатите го стекнале во текот на 15 години од 2006 до 2020 година, се вели во анализата.

Се проценува дека секоја доза на вакцината чини 7 долари, а две дози за 5 милијарди возрасни луѓе ќе чинат 70 милијарди долари се вели во анализата.

Најмалку една доза од вакцината против корона била дадена на 30,7 проценти од светското население, но само 1,2 проценти од луѓето во земјите со ниски приходи ја примиле првата доза.

За да се утврди колку еднократни пари за данок можат да одат за невработените работници, групата го разгледала февруарскиот извештај на Меѓународната организација на трудот, според кој 220 милиони луѓе се невработени ширум светот.

Во досега невиден потег, четири мултилатерални институции, вклучително и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската здравствена организација (СЗО), предупредиле дека глобалното економско закрепнување ќе забави ако нема повеќе капитал во распределбата на вакцините.

Економистите Емануел Саек и Габриел Цукман предупредиле во изданието за нивната книга „Триумфот на неправдата“ во 2020 година, за тоа како богатите Американци ги избегнуваат даноците и дека иако кризата обично е лоша за богатите, пандемијата со ковидот може да се покаже сосема поинаква.

Scroll to Top