(Видео) Во Аргентина откриен фосил од едно од најголемите животни што живеело пред 140 милиони години

Научниците во Аргентина откриле фосили на можеби најстариот познат член од групата диносауруси, познати како титаносауруси, кои ги вклучуваат најголемите копнени животни во историјата на Земјата.

Истражувачите во понеделникот изјавиле дека фосилите се на видот диносаурус со име Нинџатитан запатаи, кој живеел пред 140 милиони години во времето на периодот креда.

Тие го идентификувале како Нинџатитан, титаносаурус, група диносауруси со долг врат, кои се движеле на четири нозе слични на столб. Недовршените скелетни остатоци од диносаурусот се откриени во аргентинска дивина, јужно од градот Неукен.

Истражувачите изјавиле дека Нинџатитан покажува дека титаносаурусите како група првпат се појавиле многу порано отколку што на почетокот се мислело.

„Тоа е најстариот запис познат не само од Аргентина туку од целиот свет“, изјавил за „Ројтерс“ водечкиот автор на студијата, Пабло Галина, истражувач во Националниот совет за научно и техничко истражување во Аргентина (CONICET).

„Титаносаурусите се забележани на разни страни во светот, но најстарите познати записи биле понови од ова откритие“, вели Пабло.

Во должина од 20-инна метри, Нинџатитан бил голем диносаурус, но многу помал од подоцнежните титаносаури, како аргентиносаурусот, кои достигнувале должина и до 35 метри. Истражувачите исто така изјавиле дека присуството на раниот титаносаурус во Патагонија ја поддржува идејата дека тој потекнува од јужната хемисфера. Доказите се објавени во научното списание „Амегинијана“.

Титаносаурусите се дел од поголема група диносауруси, наречени сауроподи, кои вклучува и други со сличен дизајн на телото, како бронтосауруси и диплодокус, кои живееле во Северна Америка за време на периодот јура, кој му претходел на периодот креда.

Многубројни титаносауруси, кои се населувале во Патагонија, постигнале џиновски размери, како аргентиносаурусот, патаготитан и дреадноугтус.

Хозе Луис Царбадиљо, вториот истражувач на CONICET, изјавил за локалната универзитетска публикација дека староста на Нинџатитановите остатоци би можеле да ги наведат луѓето да претпоставуваат дека коските им припаѓаат на групата диносауруси што им претходеле на титаносаурусите.

„Во Патагонија титаносаурусите се познати пред помалку од 120 милиони години“, вели Луис.

Scroll to Top