Жена од Висконсин е обвинета дека го убила љбуовникот додека имале секс. Тејлор Шабизнис е обвинета дека го задавила, а потоа го обезглавила. Во вторникот се појави во судница, каде го нападна и нејзиниот адвокат Квин Џоли, откако судијата предложи судењето да се одложи за два месеци.
Шабизнис мирно седеше додека го слуша судијата Томас Џеј Волш кој предложи место на 15 мај судењето се одржи на 6 март. Потоа стана и го нападна адвокатот, па чуварите мораа да ја совладаат, пренесе NYpost.
Шабизнис наводно го обезглавила љубовникот и му го унаказила телото со нож. Потоа главата му ја фрлила во канта за ѓубре, а остантите делови во лонец, оставајќи му ја само маицата, тврдат обвинителите.
Полицијата ја пронашле дома целата покриена со крв. Наводно им ркела дека ќе се забавуваат додека му ги бараат органите. Рече дека немала намера да го убие, иако признала дека седела на него додека чекала да умре.
View this post on Instagram