Властите во ОАЕ го помилуваа британскиот академик кој беше осуден на доживотна робија

Властите во Обединетите Арапски Емирати го помилуваа Британецот Метју Хеџис, кој беше осуден на доживотна затворска казна поради шпионажа.

Одлуката за помилувње стигна откако новинарите прикажале видеоснимка на која Метју практично признава дека е агент на Британската известувачка служба (MI-6).

Властите денес ја објавиле одлуката за ослободување на конференција за новинари во Абу Даби, наведувајќи дека претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Халиф бин Зајед ал Нахјан, го помилувал Хеџис во неделата.

На Метју ќе му биде дозволено да ја напушти државата кога процедурите за обезбедување на неговото ослободување ќе бидат готови, пишува во соопштението испратено од властите до јавноста.

Тие на денешната конференција прикажале и видеоснимка од 31-годишниот Хеџис, кој на едно од сослушувањата во судот признава дека е агент Мi-6.

Хеџис, како што пренесуваат медиумите во Обединетите Арапски Емирати, во оваа земја работел на докторски студии. На медиумите не им било дозволено да го снимаат прикажувањето на видеоматеријалите.

Властите морале да ги прикажат снимките поради големиот пртисок  од меѓународната заедница во изминатите денови и поради одлуката за доживотна робија.

Scroll to Top