Во Хрватска вештачки се менува климата со цел да се одгледува ГМО-храна за да се победи гладот

Може да рече дека Хрватска одеднаш се премести на друга географска локација, на која секојдневно се менуваат временските услови и каде што се појавува необично екстремна клима.

Во последните неколку години, а особено месеци, Хрватска ја погодија екстремни временски непогоди, кои му нанесоа голема штета на земјоделството.

Хрватска ја погоди неверојатна суша (летото 2012), а потоа следуваа ледени дождови и мраз (зимата 2014), па поплавите (есента 2010 и пролетта 2014), потоа цунами, дождови и бура, кои разнесуваа покриви и откорнуваа дрвја.

Сѐ повеќе граѓани на Хрватска останаа без покрив над главата, а државата трпеше невидена материјална штета. Секоја година имаше сѐ полоша жетва и сѐ послаб принос од посеаното. Поради постојаните дождови, погодени беа и туристичките сезони. На овој начин државата која можеше да ја храни цела Европа беше принудена да увезува свинско и јагнешко месо, млеко, овошје, пченица и пченка.

Се поставува прашањето дали овие екстремни услови се последица на употребата на своевидното климатско оружје за кое нема сомнеж дека постои (ХААРП, на пример, со кои се диригираат циклоните и се загрева атмосферата или методите на сеење на облаците, со кои се произведува повеќе дожд)?

Дали ваквите поплави и другите временски непогоди се намерно предизвикани за хрватските селани да мора да сеат ѓаволско семе на мултинационалните компании, кои сакаат да го заземат хрватскиот пазар и да ја искористат геостратешката позиција? Многу е важно да се види примерот од Кенија. Таму пред седум години беше нарушен постојаниот годишен ритам на дождливите сезони со што дојде до невозможност за одгледување на посевите. Во целата таа неволја Кенија ја преплавија и разни големи странски корпорации, кои ги загадија заедничките резерви на вода.

Изненадувачките суши исто така предизвикаа појави на инвазивни треви и заразни болести кај стоката така што кај некои фармери беа сотрени и цели стада.

Потоа се појавија Барак Обама и земјите од Г8, потоа Бил Гејтс и „Монсанто“ како спасители на гладните жители. Во склоп на конференцијата на земјите од Г8 на 18 мај 2012 година Барак Обама најави основање нов сојуз за безбедност на храната и прехраната и 45 мултинационални корпорации кои ќе се обврзат да вложат речиси 3,5 милијарди долари во Африка. Оваа корпорација ги вклучува „Монсанто“, „Јара интернационал“, „Каргил“, „Дупонт“ и „Пепси ко“.

Сепак, се смета дека овие ветувања не се мотивирани од хуманитарни побуди, туку од чист бизнис.

Новиот план на Барак Обама нема да го реши проблемот со гладот во Африка, туку само ќе ги разбуди сиромаштијата и нееднаквоста на континентите.

Да се вратиме сега повторно на Хрватска. Имено, по сушата што ја зафати Хрватска пред две години и по неодамнешните поплави во кои во најголема мера настрада пченката, пласирана е веста дека ГМО-пченката и одолева и на најголемата суша. Хрватските медиуми неодамна објавија дека „Монсанто“, американската компанија која е најголем произведувач на ГМО-производи, по поплавите, донирала 445.000 евра вредно семе за пченка во земјоделството во Хрватска, Србија и во Босна и Херцеговина.
Многумина сметаат дека на овој начин компанијата ја искористила катастрофалната поплава за во тајност и под превезот на хуманоста да го воведе ГМО-семето на овие простори.

Опасностите од ГМО-производите може да се забележат и во САД, каде што ГМО-посевите се посеани веќе со години, а секој четврти жител е алергичен на глутен. Во Европа стапката на алергични на глутен е многу мала, а во Русија и Кина, каде што ГМО-посевите воопшто не се одгледуваат, алергијата на глутен е речиси непозната.

Биолозите исто така утврдија и проблеми со неплодноста кај жените.

Дали и Хрватска ја очекува судбината на Кенија?

Постојат неброени докази дека ХААРП-оружјето управува со временските услови. Уште во деведесеттите години американскиот научник Ник Бегич говорел за опасностите што ги носи ХААРП-програмата.

Пред неколку години сушите од огромни размери го погодија Иран, кој ги обвини САД за намерно предизвикување суши со употреба на ХААРП. Многумина тврдат дека на истиот начин се предизвикани цунамито во Јапонија и многуте земјотреси во Кина иако тоа е невозможно да се докаже по судски пат. Сепак, се наметнува прашањето зошто е нападнато небото токму во ова подрачје?

Мора да се земе предвид дека Хрватска, како и Босна и Херцеговина, е дел од некој поширок план поради тоа што и војната на истата територија исто така е предизвикана од некаков инженеринг. Ни ХААРП ни масоните не можат да ги уништат луѓето додека тие не се оддалечат од свеста и вербата во доброто. Ако човекот целосно се оддалечи од свеста и природата, која свеста му ја дала на управување, тогаш низ него почна да дејствува негативна сила.

Човекот сам себеси се уништува со техниките што ги владее уништувајќи ја природата што го опкружува. Свеста сето тоа го дозволува за злото на крајот да го искорени самото од себе.

Сеењето облаци (cloud seeding) е сосема нормално за некоја друга земја како Индонезија или некоја африканска земја.

Но, прашањето е зошто сеењето облаци го има на Балканот кога се знае дека и онака имаме премногу дожд.

Scroll to Top