Во Северна Кореја нема регистриран ниту еден случај на коронавирус

By

Северна Кореја повторно соопшти дека нема регистрирано ниту еден случај на заразен од ковид 19. Од таму велат дека совршено успеваат да го спречат влегувањето на опасниот вирус во земјата. На почетокот на пандемијата, пред повеќе од година дена, оваа земја, проблемот со опасниот вирус го карактеризирале како прашање за национален опстанок, пишуваат медиумите.

Таа ги затворила границите, го забрани влезот на туристи и ги исфрли странските дипломати. Земјата и понатаму строго го ограничува прекуграничниот сообраќај и ги држи во карантин десетина илјади луѓе кои имале симптоми на заразата.

Пјонгјанг тврди дека досега немало откриен ниту еден случај на ковид 19, нешто со што не се согласуваат многумина експерти низ светот, со оглед на слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина, од која Северна Кореја и тоа како е зависна, пренесува „Асошиетед прес“.

Едвин Салвадор, претставник на Светската здравствена организација во Северна Кореја, навел дека таа земја пријавила дека биле тестирани 23.121 лице на коронавирус, од почетокот на пандемиајта до 1. април и дека сите резултати биле негативни.

Според наводите на Северна Кореја, 732 лица биле тестирани меѓу 26 март и 1 април. Официјалните лица од СЗО, велат дека Северна Корја повеќе не го пријавува во агенцијата на Обединетите Нации, бројот на луѓе кои ги става во карантин со сомнителни симптоми.

Северна Кореја вчера соопшти дека ќе ги прескокне Летните олимписки игри во Токио, со цел да ги заштити спортистите од светската здравствена криза, предизвикана од ковид 19.

Со програмата на Обединетите нации, Ковакс, за обезбедување на актиковид вакцини ширум светот, Северна Кореја може да добие 1.9 милиони дози вакцини во првата половина на оваа година.

Но, Ковакс укажува и на глобален недостиг на вакцини, затоа што, индискиот институт кој има дозвола да ја произведува вакцината Астра Зенека, го насочи своето производство за локална употреба во Индија, каде расте бројот на заразени од коронавирус.

 

 

Ќе ви се допадне

AniWatch anime: Watch My Hero Academia 2 Episode 23 (https://aniwatch.pro/m/VnXB/ep-23)

ANIMEFLIX watch anime: Watch The Promised Neverland Season 2 Episode 6 (https://animeflix.nl/m/PyXN/ep-6)