Нуркачи во близина на Тајван забележале џиновска риба, позната како риба појас или риба на судниот ден. Видеото го снимиле на брегот на Руифанг, а го споделил инструктор за нукрање Ванг Ченг -Ру.
Експертите веруваат дека рибата умирала и затоа запливала во поплитки води, што локалните жители го сметаат за лош знак. Рибата се поврзува со древна јапонска легенда за која се зборува дека предвидува земјотреси, поради што го добила името риба на судниот ден.
Според јапонската митологија, овие риби се издигнуваат на површината и се насукаат пред да се случи земјотресот, а веста дека рибата е забележана во плитки води ги загрижи локалните жители.
Стравот станал поголем откако рибите почнале да се појавуваат на брегот две години пред катастрофалниот земјотрес и цунамито во Фукушима што се случија во 2011 година. Иако научниците ја отфрлија оваа идеја и добро е познато дека земјотресите не можат да се предвидат, митот опстојува.
View this post on Instagram
View this post on Instagram