Во Украина убиен руски генерал кој рече дека воениот конфликт ќе трае само неколку часа

Рускиот генерал-покловник Јаков Резанцев, е убиен во напад во близина на градот Херсон, соопшти украинското Министерство за одбрана. Резанцев, кој беше командант на 49. комбинирана руска армија, стана познат во јавноста откако изјави дека воениот конфликт со Украина трае само неколку часа.

Западен функционер за „Би-би-си“ вели дека тој е седмиот генерал што загинал во Украина, но и дека е втор генерал-полковник, односно офицер со највисок ранг, за кој се знае дека е убиен во конфликтот.

Се смета дека нискиот морал меѓу руските трупи ги принудил високите офицери да се доближат до линијата на фронтот, па дека така загинал.

Украинските медиуми јавуваат дека генералот бил убиен во воздухопловната база Чорнобаивка, која Русија ја користи како командно место, а која неколку пати била нападната од украинската војска.

Scroll to Top