Во времето на Гадафи немало сметки за струја, а парите од нафтата завршуваа кај граѓаните

Поранешниот студент од „Харвард“ и „Оксфорд“, Моамер Гадафи, роден во шатор во пустина, пред точно 50 години стана еден од најмладите лидери во Африка. Пример му бил египетскиот претседател Насер, за кого многумина во арапскиот свет и понатаму го гледаат како симбол на арапската слобода и дигнитет.

Младиот полковник Гадафи имал само 27 години кога заедно со својот колега од војската го извршил воениот удар, го тргнал кралот на Либија Идриз I, ја укинал монархијата и ја прогласил Либија за Арапска Репубика.

Гадафи за време на своето 24 годишно владеење немал никаква службена функција. Не бил ниту претседател ниту премиер. Бил полковник, односно диктатор со негораничена моќ.

Неговата идеологија била мешавина на арапскиот национализам и социјализам. Гадафи забранил секаков тип на опозиција, ги национализирал нафтените компании и банки, протерал преку 25.000 Италијани од земјата, а во седумдесетите години профитирал од експлозијата на цената на нафтата.

Либија на тој начин станала богата земја со која наводно владеел народот, а ја контролирал диктаторот. Жителите масовно се преселувале во модерни станови, со вода, струја и сателитска телевизија. Кон системот кој Гадафи го развил со доаѓањето на власт, образованието и здравството биле бесплатни во Либија.

Пред доаѓањето на Гадафи на власт, само 25% од населението било писмено. Денес 83% од жителите во Либија читаат и пишуваат, а 25% од нив имаат диплома од факултет. Секој Либиец кој не можел да се вработи по завршувањето на школото добивал парична помош во висина на една плата предвидена за тој вид на занимање.

За секое родено дете, жените добивале по 5000 американски долари. Дел од парите биле заработени со продажбата на нафта, главниот извозен артикл од земјата. Сите пари се слевале на сметка на сите граѓани на Либија. Не постоеле сметки за струја, затоа што истата била бесплатна за сите граѓани.

Не постоеле ни камати за кредитите во банките, кои биле државни. Гадафи им излегол во пресрет на сите млади луѓе. Секој млада брачна двојка добивала од државата по 50.000 американски долари за да купат стан и основат семејство. Државата партиципирала и во купување на автомобили со парична помош од 50%.

Горивото чинело 0.14 долари за еден литар. Со години европските политичари се обидувале да му се наметнат на Гадафи и да ја придобијат неговата наклонетост. Се обидувале да прават договори за нафтата и пристапот на пазарот. Противниците на режимот и на либиската власт, Гадафи ги ликвидирал. Сеедно било дали убиствата се случувале во Либија или странство. За тоа не смеело да се говори, барал Гадафи од своите соработници.

Во 1982 година, тој изјавил дека одговорноста на либискиот народ е да ги ликвидира луѓето кои го нарушуваат либискиот углед во светот. Во март во 2011 година, Гадафи предупредил дека без стабилна Либија, нема да има кој да ги контролира големиот број на бегалци од Африка и Блискиот исток кој ќе бегаат во Европа.

„Милиони бегалци ќе ги преплават европските граници и ќе ги изненадат запдните политичари. Милиони Африканци преку Медитеранот ќе преминат во Франција и Италија. Либија игра главна улога во безбедноста на Медитеранот. Верувајте, Медитеранот ќе стане море на хаосот“, предупредил Гадафи седум месеци пред да биде брутално погубен.

Во отворено писмо кое го објавил рускиот дневник „Заврта“ во мај 2011 година, Гадафи напишал:

„Слушнете ме сега вие од НАТО. Бомбардирате ѕид кој претставува пречка на мигрантите од Африка кон Европа и терористите на Ал Каеда. Тој ѕид е Либија. Вие го уништувате. Вие сте идиоти и ќе горите во пеколот поради илјадниците мигранти од Африка и поради поддршката на Ал Каеда. Тоа ќе биде така. Јас никогаш не лажам. Не лажам ни сега“, изјавил Гадафи.

Тоа време никој не го слушал Гадафи и не го сваќал сериозно. Западот покрена воена интервенција за да го сруши Гадафи од власт. Како што кажа Гадафи, Медитеранот станува море на хаосот и голема гробница.

Бунтовничките сили на Гадафи го убија полковникот на 20. октомври 2011 година. Го ликвидираа во родниот град Сирта, неговото најсилно засилниште. Гадафи бил застрелан со куршум во стомакот и главата. Поранешниот американски претседател Барак Обама изјавил дека најголемата грешка во мандатот му била Либија.

Всушност Обама вели дека интервенцијата во Либија била добра одлука, но дека погрешни биле чекорите кои следеле потоа. Либија денеска е во целосен хаос.

Со нафтата и гасот управуваат претставници на најмалку две власти, владата во Триполи која ужива поддршка од Обединетите Нации и другата влада на истокот на земјата во Тобруку, која ги поддржува силите на Калифот Хафтар, зад кои стојат Египет и Обединетите Арапски Емирати.

Хафтар во 2014 година ги собрал сите сили на Гадафи и во тригодишната борба го освоил најголемиот град на истокот на земјата Бенгази. Оваа година го освоил југот на земјата и нафтените полиња.

Scroll to Top